
Србија не сакала да даде оружје на Русија?
Oд украинското разузнавање тврдат дека Русија барала оружје од Србија, но таа не сакала да помогне.
Шефот на главната украинска разузнавачка служба, Кирило Буданов, во интервју за „Гласот на Америка“ изјави дека српските власти одбиле да ѝ го дадат на Русија оружје што Русите го побарале. Буданов додаде дека Иран е единствената држава што навистина ѝ испорачува сериозно оружје на Русија, пренесува „Укринформ“.
„Имаше информација дека нешто доаѓа од Северна Кореја, но немаме потврда за тоа. Не евидентиравме случај кога било употребено оружје што дошло од Северна Кореја. Можеби сè уште не сме го виделе тоа оружје или оди за некоја друга цел“, вели Буданов.
Русија се обидува да купи какво било оружје каде било затоа што како што рече има големи проблеми. Вели дека во Русија има одредени обиди за купување и увоз на оружје преку трети земји.
„Сега се обидуваат со Мјанмар. Со текот на времето ќе видиме што ќе излезе од тоа. Всушност, во однос на оружјето, Русија е ограничена од Иран. Досега“, изјави Буданов за „Гласот на Америка“.
Буданов наведува дека Русија се заканува со нуклеарно оружје, но не го употребила.
„Дали може да користат нуклеарно оружје? Хипотетички, сè е можно во животот. Дали е тоа реално? Не. Руското раководство не е полно со такви идиоти како што сакаат да му се прикажат на светот“, изјави Буданов.
Украина добива оружје од западните земји, но и натаму има потреба од оружје.

