
СРБИЈА: Колку изнесува јавниот долг?
Српското Министерство за финансии соопшти дека јавниот долг на Србија на крајот на јуни изнесуваше 50 отсто од БДП.
На крајот на мај јавниот долг изнесуваше 36,35 милијарди евра или 47,6 отсто од БДП. Тоа значи дека земјата за еден месец се задолжила за дополнителни 1,83 милијарди евра или околу 2,4 отсто според сегашната проценка на бруто домашниот производ.
Јавниот долг на крајот на 2023 година беше 36,15 милијарди евра или 52 отсто од тогашниот БДП.
Податоците на Управата за јавен долг покажуваат дека учеството на јавниот долг во БДП генерално има тенденција на намалување од 2020 година наваму, кога достигна 57 проценти. Претходниот врв беше во 2015 година, кога изнесуваше 70 отсто од БДП.