
Србија има светска шампионка: Убавата Вулета долета до злато! (ВИДЕО)
Ниту една од останатите не доскокна преку седум метри. Второто место го заслужи Тара Дејвис-Вудхол со 6,91, додека трета заврши Романката Алина Ротару со 6,88. Ова е најголем успех во кариерата на Вулета, чиј личен рекорд и државен не Србија изнесува десет сантиметри повеќе од вечерашното најдобро остварување, 7,24.
Таа досега имаше две злата од СП во сала, две европски злата на отворено, но никогаш на ултимативното Светско првенство. Бронзените медали од Москва (2013) и од Пекинг (2015), како и од ОИ во Рио (2016) ѝ беа најголеми дострели, а сега го оствари успехот на кариерата.
Ivana Vuleta 7.14
Novi rekord Srbije i skok za prvo zlato na svetskom prvenstvu na otvorenom u istoriji Srbije! pic.twitter.com/XQaPw2bQRn
— THE JOKER(S) 🃏🇷🇸🏆 (@SerbsInSports) August 20, 2023
Под небото на Будимпешта, попладнево светска шампионка стана и Британката Катарина Џонсон-Томпсон во седмобој, освојувајќи го златото драматично, со само 20 бода повеќе од Американката Ана Хол, во конечниот поредок (6.740 наспроти 6.720). Трета беше Холанѓанката Анук Ветер (6.501).