Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРБИЈА И КОСОВО: Борбени возила и бодликава жица пред општинските згради на северот на Косово, солзавец во Звечан
Регион

СРБИЈА И КОСОВО: Борбени возила и бодликава жица пред општинските згради на северот на Косово, солзавец во Звечан

29/05/2023

AA

Борбени возила, полицајци вооружени до заби во опрема за немири, бодликава жица.

Вака денеска изгледаат улиците на општините на северот на Косово, со мнозинско српско население, три дена по големите инциденти поради новите претседатели на тие општини од албанското население кои стапија на функција.

Во понеделник наутро тензија имаше во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, каде дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата која во петокот употреби солзавец.

Србите одлучија градинките и училиштата да не работат додека специјалните сили на косовската полиција не ги напуштат општините.

Во тие општини зградите на локалната самоуправа се наоѓаат веднаш до детските образовни институции, а сега пред нив се распоредени силни полициски сили.

Додека Западот, предводен од Америка, силно ги критикува властите во Приштина, Белград во петокот и нареди на српската армија да ја подигне својата борбена готовност на највисоко ниво и да се распореди по административната линија со Косово.

Властите во Приштина ја отфрлаат одговорноста и тврдат дека новите градоначалници, кои добија само неколку проценти од гласачите на изборите кои беа масовно бојкотирани од Србите, ќе работат во интерес на сите.

Во општина Звечан во понеделник наутро повторно имаше инциденти.

Вработени во локалната самоуправа во Звечан го пробија првиот кордон војници на КФОР – меѓународната мировна мисија, никој не ги спречи, јави РТС.

Стигнале до општинската зграда, се обиделе да влезат, но полицијата ги запрела на самиот влез, а во неколку обиди да упаднат во зградата полицијата употребила солзавец.

Тие се собраа околу зградата на општината, во непосредна близина, а полицијата формираше кордон од специјалци опремени со опрема за разбивање на демонстрациите на самиот влез.

Во општина Лепосавиќ косовската полиција постави бодликава жица пред зградата на локалната самоуправа, јави ТВ Н1.

Ивица Дачиќ, шеф на српската дипломатија, рече дека Белград очекува конкретни акции од западните земји, а не осуди, наведувајќи дека никој не е наивен да мисли дека косовскиот премиер Албин Курти е толку силен што не може да се влијае врз него.

„Знаете како ќе се реши ова – некој ќе се јави на телефон, некој ќе оди во Приштина и ќе го реши. Па, да не се правиме дека не знаеме дека не можат да влијаат на Курти“, изјави Дачиќ за РТС во понеделникот наутро.

Коментирајќи го пристигнувањето на КФОР пред општинските згради на северот на Косово, Дачиќ рече дека задачата на меѓународната мировна мисија е да го спречи едностраниот чин на Приштина, а не да ги спречи вработените да влезат во зградите.

„Тие сега ги чуваат градоначалниците под изговор дека го чуваат мирот. Изгледа ги чуваат од сопствениците на зградите, Србите, од оние што работат таму, што се таму вработени. Тие не можат да бидат градоначалници во српските општини кои не биле избрани од Србите“, рече Дачиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy