Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?
Економија

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

26/09/2024

AA

Oд Азербејџан во Србија ќе стигнуваат по еден милион кубни метри гас дневно во текот на оваа зима. 

Министерката за енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и министерот за енергетика на Азербејџан Парвиз Шахбазов потпишаа денес во Белград Меморандум за разбирање за соработка во областа на зелената енергија меѓу двете земји, а претставниците на Србијагас и азербејџанската компанија СОКАР потпишаа договор за снабдување со гас со кој се предвидува добивање до еден милион кубни метри дневно за потребите на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

„Минатата година во Баку потпишавме меморандум меѓу двете министерства како и договори меѓу нашите компании, гасни компании, во кои се предвидува Србија да добива до 400 милиони кубни метри гас годишно до 2026 година, а потоа овие количества може да се зголемат на милијарда кубни метри. Србија ќе може да смета на милион кубни метри гас дневно од Азербејџан во текот на оваа зима, всушност од 1 ноември до 31 март“, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ по потпишување на договорите.

Таа посочи дека средбата била добра можност за воспоставување и подобрување на односите меѓу двете земји во областа на енергетиката и зелената енергија.

Според неа соработката меѓу Србија и Азербејџан во енергетскиот сектор станува сеопфатна и стратешка, што значително придонесува за подобрување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји.

На средбата разговарано е и за зелениот енергетски коридорот, во кој Азербејџан има централна улога, кога станува збор за идното снабдување со зелена енергија за земјите од Централна и Источна Европа, и за улогата на Србија поради нејзината позиција.

Министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, изјави дека во изминатите месеци и години соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката значително напредувала, нагласувајќи дека потпишаните документи овозможуваат дополнително зголемување на испораките на гас од Азербејџан, како и проширување на соработката во областа на енергетската транзиција.

„Разговаравме и за можноста Србија да стане дел од Зелениот коридор меѓу Каспискиот регион и Југоисточна Европа, бидејќи Србија веќе граничи со три земји кои учествуваат во проектот и може да игра улога и на корисник и на транзитна земја“, рече Шахбазов.

Срспката министерка Ѓедовиќ Хандановиќ, посочи да Србија во следните неколку години ќе ги зајакне преносните капацитети со Романија, Бугарија и Унгарија, а со изградбата и завршувањето на Трансбалканскиот електроенергетски коридор, капацитетите со Црна Гора и индиректно со Италија ќе бидат значајни.

Инаку, Србија деновиве склучи договор и со САД за соработка на полето на енергетиката. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy