
Србија ја победи В. Британија во ватерполо со неверојатен резултат!
Србија е една од најдобрите светски селекции во ватерполо, но никој не веруваше дека Велика Британија ќе биде буквално потопена со 28 голови разлика и тоа без да постигне погодок.
Во првата четвртина Србија даде шест голови, исто толку и во втората. А во продолжението Србите не сакаа да го намалат темпото, не само што не застанаа туку даваа повеќе голови. Во третиот период постигнаа седум погодоци, а во последниот дури девет.
Британците се далеку од сериозна ватерполо селекција, но очигледно се удавија во дуелот со Србија.

