
СРЃАН МИЛИВОЈЕВИЌ: Нема да дозволиме Александар Вучиќ, како Никола Груевски да побегне во Унгарија
Срѓан Миливојевиќ пратеник од Демократската партија (ДС) и еден од лидерите на протестите на опозицијата „Србија против насилството“, вели дека во Белград не се случува ниту „украинско“, ниту „македонско“ сценарио, туку ова е борба за слобода и нема да му дозволат на српскиот претседател Александар Вучиќ да побегне како македонскиот екс премиер Никола Груевски. Вели дека сакаат на Вучиќ да му судат пред законите на Р.Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој посочи дека денешниот протест во центарот на Белград, на Теразије, е просрпската опозиција, а не проевропска опозиција.
„А на оние кои повикуваат дека во Србија ќе се случи „украинско“ или „македонско“ сценарио, порачувам да сигурно дека нема да се случи. Ние нема да дозволиме Александар Вучиќ, како Никола Груевски да побегне во Унгарија, во багажник, со помош на една безбедносна служба. За нас е многу важно виновниците на оваа изборна кражба да одговараат пред законите и судовите на Р.Србија“, кажа тој.
Како што кажа Миливојевиќ, опозицијата ќе продолжи со протестите, паралелно со активностите на меѓународно поле, како и со институционалната борба.
На денешниот протест во Белград, на кој имаше повеќе илјади граѓани е испратена порака да се поништатат изборите, да се прочисти избирачкиот список и да има повторно гласање. Опозицијата го бојкотираше денешното прегласување на 35 избирачки места во Србија.