
Спремете се со трпение: В понеделник наутро протест на мостот „Близнаци”!
Движењето ,,Стоп за Вардариште” информира дека во понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 07:30 часот наутро, со блокада на мостот ,,Близнаци” помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
Како што велат, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ.
„Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе задоцнат тој ден на работа“, додаваат од таму.