Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
Македонија

Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки

21/01/2025

AA

Во текот на изминатата недела царински службеници и мобилни тимови спречија обиди за криумчарење лекови, медицински игли, облека и обувки. Во продолжение детали:

Мобилен тим спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот е откриен во внатрешноста на државата кај патарината Романовце при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на релација Турција-Косово.

1.100 инсулински игли се откриени од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Во автобусот кој сообраќал на релација Биелефелд – Струга пронајдени се и непријавени 57 термомотори и термостати за регулирање на подно греење.

183 клучеви за возила и 98 делови и уреди за декодирање на клучеви се откриени на Меѓународниот аеродром Скопје во патните торби на државјанка на Косово која допатувала со лет од Виена.

123 парчиња автоделови се пронајдени под задното седиште и во просторот за резервна гума на комбе со бугарски регистарски таблички, а управувано од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Делчево.

Служба за мобилни скенери спречи обид за криумчарење на седум делови за моторна санка. Делото е откриено на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на  камион со македонски регистарски таблички, во којшто биле скриени деловите. 

Царински службеници на Меѓународен Аеродром Скопје во багажот на двајца романски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон открија 144 штеки цигари 960 грама тутун.

48 илјади пара чорапи со вкупна вредност од 442.536 денари коишто не биле опфатени со царинските декларации се пронајдени при контрола на стока со потекло од Косово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, наменета за увозник од Скопје.

73 парчиња облека и обувки се откриени од страна на Службата за мобилни скенери, во патните торби на македонски државјанин при контрола на автобус на граничниот премин Табановце.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy