Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и поголема количина шафран и маџун
Македонија

Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и поголема количина шафран и маџун

17/02/2024

AA

Спречени обиди за криумчарење на икони, цигари, стоматолошка опрема, 100 тегли маџун и 5 килограми зачин шафран чија цена е 1.500 евра од килограм, што во различни случаи лица се обиделе нелегално да ги внесат во државата.

На граничниот премин Богородица царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на црковни предмети меѓу кои и 51 икона, свеќници, нараквици со монистри како и 260 килограми темјан, со проценета вредност од 140 илјади денари, при што е избегнато плаќање на царински давачки од 50 илјади денари. Црковните предмети се пронајдени во камион со регистарски таблички од Босна и Херцеговина, управуван од босански државјанин, кој транзитирал преку нашата држава од Република Грција кон Република Хрватска и превезувал спортска опрема. Непријавените црковни предмети се пронајдени во товарниот дел на приколката помеѓу декларираната стока.

Во друг случај на граничниот премин Меџитлија, царинските службеници спречија два одделни обиди за нелегално внесување на непријавени цигари во државата. Во двата случаи се откриени вкупно 28 штеки со цигари во две товарни моторни возила со македонски регистарски таблички и управувани од македонски дравјани, од ист превозник. И двата камиони биле натоварени со кварцен камен – стока наменета за транзит. Во двата случаи штеките со цигари се пронајдени скриени во кабините на возачите, во просторот на горниот кревет, покриени со јакни и лични предмети.

На влез на Деве Баир пак при контрола на патничко моторно возило со косовски регистраски таблички во багажот на возилото се откриени 100 тегли маџун коишто патниците не ги пријавиле.

При контрола на возило на царинска испостава Делчево е пронајдена и стоматолошка опрема која возачот ја скрил во џебовите од јакната и во пределот зад предните седишта кои биле скриени во мали кеси и кутии спакувани во книжна кеса со облека.

Во еден случај се запленети и 5 килограми сув кршен шафран ,,KIAM GOHAR” коишто царинските службеници на влез на Табановце ги открија при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички. Шафранот е откриен околу предните седишта, каде бил скриен во хартиени кеси.

Стоката во сите случаи е запленета, а против лицата се поднесени соодветни пријави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy