
Спречен извоз на краставици од Србија: Откриени премногу фунгициди
На граница за влез во Словенија запрена е испорака на краставици кои потекнувале од Србија и биле наменети за пазарот во Словенија.
Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ) соопшти дека на граница се запрени свежите краставици од Србија наменети за словенскиот пазар, бидејќи кај нив бил пронајден фунгицидот металаксил.
Станува збор за свежи краставици наменети за понатамошна обработка. По контролата на границата, според РАСФФ, добиле наредба да бидат уништени.
Како што е наведено на сајтот на РАСФФ, дозволената количина на овој фунгицид е 0,01 милиграм на килограм, а краставиците од Србија содржеле 0,025.
Фото: Принтскрин/webgate.ec.europa.eu