Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Справувањето со отпадот приоритет за Шукова: МЖСПП ќе набави контејнери за рециклирачки отпад во сите општини
Македонија

Справувањето со отпадот приоритет за Шукова: МЖСПП ќе набави контејнери за рециклирачки отпад во сите општини

15/03/2023

AA

Министерката за животна средина Каја Шукова најави дека справувањето со отпадот ќе биде приоритетна цел за време на нејзиниот мандат и за таа намена Министерството ќе набави 7 000 контејнери за рециклирање, што ќе бидат распоредени во сите општини на територијата на цела држава.

Министерката Шукова информира дека процесот на набавка ќе трае околу еден месец, по што набавените контејнерите ќе бидат распределени по општините.

Таа воедно информира два Министерството за животна средина и просторно планирање оваа година планира два големи заеми во вкупна вредност од 105 милиони евра за реализација на проекти, како и дека ќе продолжи спроведувањето на проектите што ги наследила од претходниот министер и кои се дел од програмата за работа на Владата.

– Едниот заем е од Европската инвестициска банка, кој ќе се однесува на помош на општините во висина од 50 милиони евра, за изградба на системи за водовод и канализација и ќе бидат опфатени сите општини во државата, појасни Шукова.

Вториот заем е од Европска банка за обнова и развој во висина од 55 милиони евра, со дополнителен грант од швајцарската Влада во висина од 9 милиони франци, наменет за набавка на опрема за изградба на трансфер станици и на централни депонии.

– Секој регион нема да има централна депонија. Сфативме дека тоа е економски неисплатливо, ќе ги групираме регионите – Југозападот и Пелагонија ги групираме со една централна депонија во Новаци, Југоистокот и Вардар ги групираме во Василево и третиот е Полог каде депонијата во Русино е во почетна фаза на стабилизација за да оперира како што треба. Сега ќе влеземе со дополнително мало кофинансирање со овој заем, за да можеме да ја направиме Русино стандардна депонија. Нејзиниот век на траење нема да биде повеќе од пет години, што значи дека во периодот додека го спроведуваме заемот ќе пристапиме и кон барање нова локација за Полог, изјави министерката.

Од програмата за отпад, на општините ќе бидат доделени контејнери за предселекција и паралелно на тоа ќе биде спроведена посериозна кампања.

– Да не биде граѓаните не се запознаени, бидејќи најчесто за тоа бевме критикувани и утврдивме дека имаме мал недостиг во тој сегмент. Граѓаните мора да бидат навремено известени за тоа што ќе се случува во нивните општини и региони, подвлече таа.

Во однос на проблеми кои се однесуваат на УНЕСКО, министерката рече дека треба уште посериозен пристап и најави средба со министерствата за култура и за транспорт и врски до крајот на месецот.

– Веќе се договоривме со министрите за култура и за транспорт и врски да одржиме средба. Секако и до сега односот бил сериозен, но овој пат малку посериозно да видиме до каде сме и кои чекори да се преземат за се што ќе договориме соодветно да информираме. Загриженост има од сите министерства, во однос на тоа дека мора да се преземат чекори особено во делот на животна средина. Има таму одредени прашања за кои треба да се разговара и треба да се преземат акции, не само од страна на државата, туку и од единиците на локалната самоуправа, посочи Шукова.

Засега не се планира набавка на нова мерна станица, бидејќи мониторинг системот е комплетен. Сепак доколку некоја локална самоуправа смета дека треба да биде поставена некоја мониторинг станица, тоа може да се направи со претходно издадено мислење од Министерството.

– Последниве три години вклучително и оваа, редовно одделуваме средства за одржување на мониторинг системот, за набавка на резервни делови и купување нови мониторинг станици согласно барањата на системот. Станиците ги поставуваме онаму каде е потребни согласно барањата на директивите, каде треба да се постават мониторинг станици. Ова мораме да кажам дека претходно ни беше недостиг, но конечно ги убедивме сите инволвирани страни дека редовното одржување и надградување на автоматскиот мониторинг систем е нешто што мора да го правиме сериозно и секоја година и имаме сериозни средства во буџетот за тоа, истакна министерката.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy