Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спектакуларно финале во Битола: МЗТ без Војдан и Дамјан во финишот до 12. трофеј во Купот (ФОТО)
Спорт

Спектакуларно финале во Битола: МЗТ без Војдан и Дамјан во финишот до 12. трофеј во Купот (ФОТО)

17/02/2024

AA

Во едно од најдраматичните финални пресметки во последната деценија, одиграно во спектакуларниот амбиент во преполната сала „Боро Чурлевски“ во Битола, кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа во 12. трофеј во Купот на Македонија со победа против организаторот на финалната пресметка, тимот на Пелистер (62-60).

Натпреварот не беше квалитетен, но беше крајно возбудлив со финиш кој беше опасен за тие со слабо срце. Јунак во таборот на сино-белите беше Американецот Ејасу Ворку, кој го постигна победничкиот кош на нешто помалку од три секунди и тоа откако претходно двапати промаши од речиси идентични зицер-позиции. Зелено-белите потоа имаа обид за триумф, Александар Костовски дојде до позиција да шутне за тројка, но за жал на четири илјадната публика топката го погоди само обрачот. Победата на гостите е уште поголема ако се знае дека во последниот период играа без повредениот Војдан Стојановски, а во последните четири минути и без Дамјан Стојановски поради пет лични грешки.

Двете екипи тврдо и некако преимпресионирано го почнаа натпреварот, поради што првата четвртина изобилуваше со грешки, промашени шутеви и загубени топки на обете страни. Тоа особено се однесуваше на пелистерци, кои во стартните десет минтуи ги промашија сите шест удари за тројка и „продадоа“ пет напади, но аеродромци не го искористија премногу овој хаос, бидејќи периодот го завршија со само плус четири (13-9).

Вториот период донесе нешто подобра кошарка, за што се погрижија домашните кошаркари на кои, конечно, им проработе шутот од далечина. Тоа најмногу се однесува на ударите за тројка, со оглед што погодија шест вакви проектили со само две промашувања. Ваквите „бомби“ на составот од Битола му донесе серија 9-2 со која дојдое до првата поопиплива предност на оваа средба (33-27), која дозволи до полувремето да биде намалена само за еден поен (36-31).

Второто полувреме почна со седум поени во низа на гостите од Скопје, кои со тоа го презедоа водството, но само за кратко. Следува посилен одговор од зелено-белите, кои со серија 10-0 дојдоа до највисокото до тогаш водство со плус осум (38-46), кое нивниот противник дури пред самиот крај го спушти на минус три (49-52), како најава за возбудлива разрешница во последните десет минути.

Дамјан Робев беше икс-факторот кај МЗТ со оглед што блесна кога беше најпотребно, кога на теренот ги немаше браќата Стојановски, па со 13 поени беше најпрецизен во својот тим. Зад него беа Душан Танасковиќ со 12 и херојот Ворку со 11 поени. Костовски со 15 поени беше најпрецизен кај Пелистер.

Ова беше 12. трофеј за составот од Аеродром во Купот на Македонија, со што сега имаат два пехари повеќе во однос на Работнички. Пелистер и во второто финале остана само на дофат до посакуваната цел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy