
Спектакуларна кореографија на „Гробари“ во чест на Обрадовиќ и титулата од 1992 (ВИДЕО)
Денеска голем јубилеј слави Жељко Обрадовиќ – 500. натпревар во Евролигата, па нему му беше упатена честитка со потсетување на тројката на Александар Ѓорѓевиќ во финалето од Купот на европските шампиони во 1992 година со која Партизан стана континентален првак, а трофејниот стручњак дојде до својот прв од вкупно деветте пехар во елитното натпреварување.
Од овие 500 натпревари во Евролигата, сметајќи од 2000 година досега, 227 се на клупата на Панатинаикос, 217 на Фенербахче и 56 на Партизан.
