
Спектакл во финалето на најбрзата делница: Лајлс е олимписки шампион на 100 метри
За каков спектакл во финалето стануваше збор најдобро зборува фактот што Лајлс ја освои титулата за само пет илјадитинки бидејќи „стотката“ ја истрча за 9,79.784 секунди, а второпласираниот Кишан Томпсон од Јамајка постигна време од 9,79.789. Освен тоа, сите осуммина натпреварувачи во оваа конкуренција влегоа во опсег од само 12 секунди
Пред крајот изгледаше дека Томпсон е победник, но фото-финишот покажа дека Лајлс ја поминал линијата малку пред него. Тој победи затоа што како критериум за поминување низ целта се зема торзото, градите или рамената што му даде предност на Американецот.
Третото место и бронзениот медал го освои Фред Керли од САД со време од 9,81 секунди.
