
Спектакл во Денвер: Шампионот подобар од Голден Стејт, Јокиќ погоди 18 слободни фрлања
Славеше шампионот со 120-114, но победникот се одлучуваше во последните две минути. Во нив Денвер се одлепи на +6 кои за Голден Стејт се покажаа недостижни во финишот од мечот.
Најефикасен кај Нагетс беше Џамал Мареј со 28 поени, но необична статистика имаше Никола Јокиќ кому му недостасуваа две асистенции за нов трипл дабл. Српскиот ас постигна 26 поени, 14 скока и 8 додавања, од игра имаше 4/12, а од линијата за слободни фрлања погоди 18/18. Интересно е тоа што по првото полувреме Јокиќ имаше само шест постигнати поени.
Кај Голден Стејт, најефикасен беше Вигинс со 22 поена, а овој пораз на Вориорс беше прв по серијата од четири победи.

