
Спектакл во Белград: Црвена Звезда му одржа лекција на Партизан
Ц. Звезда водеше од самиот почеток на натпреварот и ја доби првата четвртина со 24-13, а до полувреме водството на домаќинот изнесуваше 50-29.
Партизан почна да се буди во второто полувреме, меѓутоа не можеше да го скрши отпорот на вечниот ривал и да внесе поголема неизвесност во натпреварот.
Најефикасен во победничкиот тим беше Недовиќ со 16 поени, додека кај „црно-белите“ најдобар беше Пантер со 17 поени.
Nedovic shuffles through the defense to extend the lead ⚡️
🏀 Crvena Zvezda 8⃣2⃣ : 6⃣8⃣ Partizan
⏱️ 2:06 Q4#kkcz #WeAreTheTeam #EveryGameMatters pic.twitter.com/6938J6nMii— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) January 4, 2024
На останатите натпревари, Асвел беше подобар од Жалгирис со 93-79, додека Олимпијакос го надигра Монако со 75-73.
