
Спектакл со шест гола на Енфилд: Ливерпул за едно полувреме го реши Њукасл (ВИДЕО)
Победија домаќините со 4-2, а сите шест гола беа постигнати во второто полувреме. Возбудувања имаше и во првото во кое двете екипи по еднаш ја тресеа противничката мрежа, но погодоците не се броеја поради офсајд. Ливерпул имаше и пенал, но Салах не успеа да го совлада Дубравка.
Сепак, она што го пропуштија во првото, фудбалерите на двете екипи го надополнија во второто полувреме. По само девет минути игра, на семафорот стоеше 1-1 откако Салах го отвори резултатот, а Исак израмни. Повторно мала пауза и повторно блицкриг со три гола во период од седум минути. Џонс и Гакпо погодија за домашниот тим, а Ботман го одржа Њукасл во игра. Точка, сепак, стави Салах во 86. минута со својот 151. гол во дресот на Ливерпул.
Со овој триумф, „црвените“ се одлепија на три бода пред Астон Вила и пет пред Манчестер Сити со тоа што „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.
