Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спектакл на сезоната во Лисабон: Барса се крена од бездната и ја победи Бенфика (ВИДЕО)
Спорт

Спектакл на сезоната во Лисабон: Барса се крена од бездната и ја победи Бенфика (ВИДЕО)

21/01/2025

AA

Екипата на Барселона е втор патник во осминафиналето од Лигата на шампионите откако вечерва славеше на гостувањето кај Бенфика со 5-4 во најубавиот натпревар во досегашниот дел од елитното натпреварување.

„Каталонците“ изгледаа дека се загубена позиција бидејќи два пати губеа со два гола разлика, на 12 минути пред крајот беше 4-2 за Бенфика, но трите бода, сепак, заминаа во Шпанија. Барса ги преживеа и очајниот Шчесни и фантастичниот Павлидис кој постигна хет-трик и автоголот на Араухо и стигна до шестата победа во низа со која ја задржа втората позиција на табелата.

Тешко е со зборови да се опише тоа што се случуваше на Да Луз. По половина час игра, Бенфика водеше со 3-1 со хет-трикот на Павлидис, а за два од трите гола беше виновен Шчесни. Во 22. минута непотребно излезе далеку од својот гол и место топката, го собра својот соиграч Балде, овозможувајќи му на Павлидис во тие моменти да ја донесе Бенфика во водство од 2-1. Во 29. минута Полјакот направи и пенал од кој Павлидис ја зголеми предноста на својот тим.

 

 

Во второто полувреме дојде до голем пад во играта на домашниот тим и на тоа се должи пресвртот на Барселона. Прво Рафиња со еден од најчудните голови намали на 2-3, но веќе во следниот напад Араухо си постигна автогол и Бенфика пак имаше два гола предност. Сепак, натпреварот не беше завршен. Во 78. минута Левандовски доби уште еден пенал и пак беше прецизен од белата точка, во 87. минута Ерик Гарсија го искористи фантастичниот центаршут на Гави, а во шестата минута од судиското продолжение Рафиња истрча молневита контра и стави точка на неверојатниот пресврт на неговиот тим.

Од денешните натпревари, за издвојување е триумфот на ПСВ против Црвена Звезда со 3-2 по што белградскиот тим е елиминиран од Лигата на шампионите.

РЕЗУЛТАТИ
Аталанта – Штурм 5-0
Монако – Астон Вила 1-0
Атлетико – Баер 2-1
Бенфика – Барселона 4-5
Болоња – Борусија Дортмунд 2-1
Бриж – Јувентус 0-0
Црвена Звезда – ПСВ 2-3
Ливерпул – Лил 2-1
Слован – Штутгарт 1-3

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy