
Специјални единици на плоштади и трговски центри низ Скопје
На плоштадот Македонија како и на Скендербег веќе неколку дена присутни се дежурни специјални единици од Министерството за внатрешни работи.
Екипи забележавме и во близина на најголемите трговски центри низ Скопје.
Од полицијата велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг, но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти.
Поради Божиќ и Новогодишните празници зголемена е фрекфренцијата на посетители на трговски и угостителски центри, како и плоштади.