Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Специјалисти од Клиника Жан Митрев ќе прават бесплатни кардио прегледи за пензионерите од цела Македонија
Македонија

Специјалисти од Клиника Жан Митрев ќе прават бесплатни кардио прегледи за пензионерите од цела Македонија

07/04/2023

AA

Тим доктори специјалисти од Клиника Жан Митрев со „Здравствениот караван” ќе прави бесплатниспецијалистички кардио прегледи за пензионерите од целата држава. Спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан денеска меѓу Клиничката болница Жан Митрев и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, одбележувајќи го Меѓународниот ден на здравјето.

Целта на „Здравствениот караван” и бесплатните прегледи е да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката Жан Митрев со овој караван ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Со прегледите ќе се прави и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања, сѐ во насока на превенција на срцеви заболувања

Програмата и начинот на спроведување на Здравствениот караван е направена во соработка со претставниците на Сојузот, кои беа присутни при потпишувањето на меморандумот во состав: г-ѓа Станка Трајкова Претседател на Сојузот на пензионери, примариус д-р Стојанче Стефановски Претседател на комисијата за здравство и социјална политика при сојузот, г-ѓа Менка Темелковска – секретар на извршниот одбор на Сојузот на пензионери на Македонија и г-дин Васил Пачемски уредник во весникот Пензионер Плус.

Во име на клиниката д-р Емил Стоицовски, анестезиолог, д-р Елена А. Виларова медицински директор и д-р Жан Митрев ги пречекаа.

Прегледите ќе содржат анамнеза, ЕКГ, ултразвучен кардио васкуларен преглед и контрола на ТА. Здравствениот караван ќе се спроведува во соработка со локалните/подрачни пензионерски здруженија во текот на месеците мај и јуни, а ќе ги посети оние места и градови каде пристапот до специјалистички преглед е оневозможен.

Со оваа активност Клиниката Жан Митрев ја подигнува јавната свест во насока на грижа за кардиоваскуларното здравје со навремена превенција од кардио заболувања на посебни целни групи и навремено идентификување и намалување на ранливоста.

Исто така, со општествено одговорниот однос кон граѓаните на Македонија и нивното право на пристап до редовни специјалистички прегледи, Клиника Жан Митрев карванот го спроведува под мотото „Здравје за сите” што е годинешниот фокус од СЗО на одбележување на Меѓународниот ден на здравјето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy