
Спасувачи трагаат по австриска брачна двојка чиј бунгалов го однеле поплавите во Грција
Австрискa двојка на меден месец во Грција се води за исчезната откако поплавите го однеле бунгаловот во кој престојувале во морето.
Службите за итни случаи изјавија за Би-Би-Си дека трагаат по нив и уште неколку исчезнати луѓе. Тие престојувале во бунгалов во одморалиштето Потистика, во близина на планината Пелион, кога поплавите го однеле бунгаловот во морето. Сопственикот на сместувањето Самарас Танакис изјавил дека двојката од австрискиот град Грац се венчала набргу по пристигнувањето на одмор. Од понеделник бурата Даниел уништи мост, сруши далноводи, а десетици автомобили завршија во вода. Поплавени се и делови од Атина.
