Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски за пукањето во „Ист Гејт“: Вакви инциденти се случуваат и ќе се случуваат
Македонија

Спасовски за пукањето во „Ист Гејт“: Вакви инциденти се случуваат и ќе се случуваат

25/10/2023

AA

По вчерашниот инцидент во „Ист Гејт“ каде од страна на вооружен напаѓач беа ранети две лица, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека повеќе полициски тимови активно работат на случајот.

Одговарајќи на прашањето, дали по настанот граѓаните би можеле да се чуствуваат безбедни и сигурни, движејќи се по јавни простори, Спасовски рече:

– Што се однесува до инцидентот активно се работи и формиран е посебен штаб во СВР Скопје, приклучени се тука и од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал итн, сите заеднички прибираат податоци и докази заедно со Јавното обвинителство се со цел да се утврдат фактите и да може да се открие и сторителот но и мотивите што се во однос на овој настан, вели тој.

Спасовски уверува дека видливоста на полицијата на терен ја зголемува безбедноста на граѓаните.

– Вакви изолирани инциденти се случуваат и ќе се случуваат. Очигледно е дека ќе треба да се донесе некаков правен пропис со кои би се задолжиле моловите или другите објекти да преземаат низа на мерки кои би значеле заштита и на граѓаните и на објектите. Тоа и претходно и сега е во размислување, кажа Спасовски.

Според него станува збор за криминална пресметка и конфронтација меѓу криминалните групи, кои како што вели 30 години некој ги создавал.

– Сега им објавивме неселективна војна на тие криминални структури и тука нема да застанеме. Безбедноста на граѓаните и на градот е најважна, вели тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy