Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: За првпат кај нас ќе бидат ставени во функција возила пресретнувачи со цел зголемена безбедност во сообраќајот
Македонија

Спасовски: За првпат кај нас ќе бидат ставени во функција возила пресретнувачи со цел зголемена безбедност во сообраќајот

26/12/2023

AA

Денеска, (26.12.2023) во кругот на Министерството за внатрешни работи, претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Гордана Кожуваровска, на министерот Оливер Спасовски му предаде две возила, опремени со системот PolCam, внатрешен уред дизајниран за контрола и мониторирање на сообраќај и прекршоци на возила во движење.

Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, РСБСП дел од своите средства ги наменува за модернизација на опремата на сообраќајната полиција. За време на средбата беше направена презентација на двете возила и опремата инсталирана во нив, при што министерот Спасовски потенцираше дека за првпат во нашата држава полицијата располага со возила и опрема од ваков тип, кои исклучително ќе ја променат сликата на сообраќајот на патиштата, во насока на унапредување на безбедноста на сите чинители во сообраќајот.

Претседателката на РСБПС, Кожуваровска, истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБСП и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста во сообраќајот. Двајцата соговорници се согласија дека возилата имаат огромна предност во однос на стационарните уреди за евидентирање на прекршоци, односно ја посочија компонентата на мобилност како клучна за целосна покриеност од сообраќајната полиција во насока на превентивно и репресивно делување на терен во сообраќајот, а се со цел сериозно намалување на сообраќајни незгоди, особено со тешки последици.

Системот PolCam е незаменлив при документирање на сообраќајни прекршоци како што се: минување на црвено светло, возење со поголема брзина од дозволената, непрописно престигнување и други прекршоци, а брзината на движење на возилата може да се мери на фиксна и променлива оддалеченост од возилата.

Уредот овозможува видео запис од 25 фотографии во секунда, мапа на којашто се покажува локацијата каде е направено видеото, а има и опција за пронаоѓање и автоматско препознавање на регистарски таблички кои направиле прекршоци. Интегрираните уреди се од полската компанија PolCam кои преку поставените камери со висока резолуција на предниот и задниот дел од возилото во денски и ноќни услови и во движење бележат видео записи од сторените прекршоци. Бележаните видео записи се складираат во хард диск кој е поставен во задниот дел од возилата и истите подоцна може да се употребат како веродостоен доказ за сторениот сообраќаен прекршок пред надлежните институции. Покрај документирањето на сообраќајните прекршоци со овој уред може автоматски да се детектираат и препознаат регистарски таблици, кои претходно биле евидентирани за сторен сообраќаен прекршок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
Македонија

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА Биле на обука во

07/02/2026
Македонија

Внимавајте: На овој патен правец има магла

07/02/2026
Македонија

КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е

07/02/2026
Македонија

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

07/02/2026
Македонија

УКРАЛ 45.000 ЕВРА ОД ФИРМАТА КАДЕ РАБОТЕЛ Полицијата уапси 35-годишен

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41178
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА ИДНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Новиот

07/02/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно мнозинство на Конгресот минатата година и легално и легитимно е во периодот што

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар очекувал експремиерот, Обвинителството да одговори

07/02/2026

Над две третини од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСМ, соработник на Зоран Заев, рече

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување, дожд и снег

07/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy