Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Во тек се акции за сузбивање големи криминални групи
Магазин

Спасовски: Во тек се акции за сузбивање големи криминални групи

26/03/2023

AA

Токму борбата против трговијата со наркотични средства и трговијата со оружје е еден од приоритетите во борбата против организираниот криминал и кон тоа сме насочени целиот изминат период. Секако дека таа војна која ја води МВР заедно со јавните обвинителства резултира со многу случаи по кои не само што имаме детектирано, туку и разбиено криминални групи насочени кон продажба на дрога, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа за акциите на МВР во сузбивањето на недозволената трговија со дрога.

Спасовски ја посочи оперативната активност која се одвива на територијата на целата држава и на Град Скопје за сузбивање на уличното дилерство на дрога.

-Најголемата акција беше на територија на Скопје во којашто имаше претерес на пет локации и се уапсени три лица. За жал, тука имавме наставник кој учествува во образовен процес, а вкупната вредност на дрогата која би ја достигнала на црниот пазар е околу 500.000 евра разновидна дрога: амфетамини, кокаин, марихуана и хероин. Секако, тука беа пронајдени и оружје и муниција и тоа е една од најголемите акции за сузбивање на голема криминална група овде на територија на градот Скопје. На територија на државата имаме околу 36 претреси во исто време направени, во кои се откриени поголеми количини на дрога, приведени 35 лица за кои се води постапка. Тоа е активноста во која практично се преземаат мерки секојдневно за сузбивање на трговијата со дрога, нагласи министерот Спасовски.

Во однос на приведениот наставник, министерот Спасовски беше дециден дека е потребна заедничка акција.

-Многу е важно за образовниот процес и воспитанието на младите генерации и за сите нас, како ја подигаме јавната свест. Тоа е добро прашање – како се доведуваме до вакви состојби?! Мислам дека со динамиката во која живееме сите ние, многу повеќе време посветуваме на некои маргинални работи во животот, а не се насочуваме кон тоа што ни е суштина, бидејќи навистина образованието и воспитанието се меѓу клучните работи во сите сегменти во општественото живеење. Кога зборувам за образование, мислам токму на образовниот процес. Знаете, имавме период во време на режимот во кој образованието беше замислено како купување на диплома во трафика. Без да се помине тој образовен процес којшто ќе креира квалитетни кадри во институциите на системот, ќе ни се појавуваат ваквите аномалии, бидејќи знаете дека тоа е еден од кличните аспекти. Тоа го говорам како човек, меѓутоа како министер за внатрешни работи ќе повторам дека исклучително сме насочени кон разбивање на вакви криминални структури, потенцира Спасосвки.

Министерот Спасовски потсети на оперативната акција „Безбедно лето“, која, како што рече, даде извонредни резултати во делот на намалување на криминалитетот и зголемување на откривачката функција. Потсети и на актуелниот оперативен план „Безбеден град“, кој е насочен токму на откривање и санкционирање на криминалните структури и групи, која од подрачјето на Скопје ќе се прошири на подрачјата и на останатите сектори за внатрешни работи.

Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај.

-Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ – да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата, наведе Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy