Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Полициските службеници се симболот на доверба во институциите
Македонија

Спасовски: Полициските службеници се симболот на доверба во институциите

06/05/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција упати честитка до припадниците на македонската полиција, вработените во МВР.

-Ова е ден на кој оддаваме признание на полициските службеници кои ги доведуваат во опасност сопствените животи, додека ги извршуваат своите работни задачи во служба на граѓаните и на државата. Ми претставува чест што како министер за внатрешни работи имам можност секојдневно да соработувам со полициските службеници низ државата и да се уверам во непоколебливата посветеност на она што значи заштита на јавното добро, на чување на јавната безбедност, почитувањето на законите и сигурноста на заедницата, рече Спасовски во видео честитката.

Истакнувајќи дека нема ништо поблагородно од тоа што полициските службеници се на браникот на државната сувереност, на сигурноста на граѓаните, гарантирајќи мир и безбедност за секого, министерот Спасовски рече дека полициските службеници се симболот на довербата во институциите.

-Почитувани колеги, вие сте симболот на довербата во институциите. Токму полициската униформа влева чувство на сигурност, на спокоен живот. Вие сте првиот пријател на граѓанинот, кога станува збор за одржување на јавниот ред и мир, за безбедноста во сообраќајот, за имотни деликти, спасувачка мисија или некоја покомплексна оперативна акција, како што се оние за сузбивање на недозволена трговија со дрога и оружје, илегална миграција или пресметка со организирана криминална група… За сите овие активности влогот е енормен, бидејќи често знаат да бидат и многу ризични, истакна Спасовски.

Потсетувајќи се на полициските службеници кои го положија својот живот борејќи се за безбедноста на граѓаните, Спасовски рече дека тие се вечна инспирација за сите.

-На овој ден со неизмерна почит се потсетуваме и на полициските службеници кои ги положија своите животи борејќи се за безбедноста на граѓаните и државата. Нивната храброст и жртвата која ја дадоа никогаш нема да бидат заборавени! Тие остануваат во спомените и претставуваат вечна инспирација за сите нас!”, истакна Спасовски.

Како што вели, македонската полиција е на граѓаните, а за тоа укажуваат самите резултати на МВР.

-Денес можам со задоволство да кажам дека македонската полиција е на граѓаните, но бескомпромисна по прашање на криминалот. Нејзината ефективност од година во година расте, а со тоа расте и довербата во институцијата. А, за тоа говорат резултатите. Република Северна Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан, во друштво на 36-те најбезбедни земји во светот. 2022 година ја завршивме со најдобри резултати во последните 30 години! Тоа се наши заеднички резултати!, рече Спасовски.

Според него, креирана е силна и задоволна полиција за безбедни и спокојни граѓани.

-Со речиси 80 реновирани објекти низ државата, со нови униформи и опрема, пет исплатени бонус плати, за скоро време и 6-та бонус плата, во четири наврати зголемени плати од 2017 година па наваму, поттикнавме ефикасна оперативна работа на терен со што го намаливме криминалитетот. И не отстапуваме од нашата агенда со цел уште подобри резултати и уште поголема безбедност!, наведе Спасовски.

Честитајќи го 7 Мај, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вработените во МВР им посака здравје и просперитет, како и многу успеси и уште подобри резултати.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy