Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски по повод 32 години независност: Нема ништо посилно од волјата на народот кога е исправен пред историска одлука
Македонија

Спасовски по повод 32 години независност: Нема ништо посилно од волјата на народот кога е исправен пред историска одлука

08/09/2023

AA

Дозволете ми да ви го честитам 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија и да ви посакам благосостојба и просперитет во годините што доаѓаат.

А размислувајќи за иднината на нашата земја, не можам, а да не забележам дека нема ништо посилно од волјата на народот кога е исправен пред историска одлука.

Таа силна волја да бидеме свои на своето, влече длабоки корени од Асномска Македонија, преплетувајќи се во храбрите и мудри одлуки на Првото заседание на АСНОМ. Таква, меѓу другите, е и одлуката за заведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава, за што сведочат историските документите изложени во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Токму заедништвото во одлуките се покажа и пред 32 години, кога на овој ден  Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, и сите други, преку референдум се одлучија за самостојна и суверена држава.

Тогаш, првиот претседател Киро Глигоров подвлече дека суверена и самостојна Македонија е заеднички дом на сите конститутивни народи, кој во духот на Крушевскиот манифест, тежнее за достигнување на највисоките стандарди во меѓунационалните односи. Денес, пак, ние сме генерацијата која се бори за остварувањето на таа визија за европска Македонија, со решавање на отворените прашања со соседите, обезбедувајќи го   клучот за влез во НАТО алијансата и отворање на  ЕУ перспективите.

Почитувани сограѓани,
Многу изодевме на тој пат со цел сонцето на европска Македонија да се позиционира меѓу ѕвездите на Европската Унија. Впрочем, панданот на некогашното ново сонце на слободата сега е  континуитет на обединето и мудро одлучување.
Веќе го потврдивме македонскиот јазик со потпишувањето на ФРОНТЕКС Договорот со ЕУ. Креираме заеднички политики со европските партнери. Седиме на иста маса со НАТО сојузниците, ја имаме целосната и недвосмислена поддршка од нашиот најблизок стратешки партнер – САД.

Нека значењето на овој ден повторно ја разгори жедта за обединување,  чувствувајќи ги благодетите да бидеме онаму каде природно припаѓаме – бидејќи ние сме Европа и само како дел од неа сме свои на своето. Стремежот да сме дел од европското семејство е мерка за тоа како се сака државата, каква држава сакаме да им оставиме на идните генерации. Заедно сме на овој пат и заедно мора да го изодиме до крај, до полноправно членство во ЕУ, еднакви со сите останати.

Нека ни се вековити самостојноста и независноста на државата!
Да живее Република Северна Македонија!

Интегрално обраќање на МВР Оливер Спасовски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy