Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство
Македонија

Спасовски: Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство

27/07/2023

AA

Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.

-Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме – ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие држајанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.

-Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме – утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуаат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата, објасни Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработените во Град Скопје ќе плаќаат паркинг како и сите

05/02/2026
Македонија

Рударството тоне, бројот на рудари се намалува – Македонија во

05/02/2026
Македонија

НЕМА ПРОПУСТИ ВО ИСПРАЌАЊЕТО МОЗОЧНИ ТКИВА ВО САД Јаневска не

05/02/2026
Македонија

ВИДЕО Kоњ се струполи од изнемоштеност во скопско Маџари, сопствениците

05/02/2026
Македонија

Владата и УПОЗ се договорија за етапно зголемување на платите

05/02/2026
Македонија

ДОДЕКА БИЛ ДИРЕКТОР НА ВЛАДИНАТА СЛУЖБА ПЕЦЕ МИРЧЕВСКИ ДОБИЛ ВОЗИЛО

05/02/2026
Македонија

„Неписменоста не смее да биде изговор“: Јаневска: Доволно е основно

05/02/2026
Македонија

„Бараа дали сме носеле бомби“ – Полицијата утрово ги проверуваше

05/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41080
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработените во Град Скопје ќе плаќаат паркинг како и сите граѓани – најавени 130 нови

05/02/2026

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска испрати јасни пораки до јавноста: даноците и цените на јавните услуги нема да растат

Рударството тоне, бројот на рудари се намалува – Македонија во спротивна насока од светските трендови

05/02/2026

Надолниот тренд во македонското рударство продолжува и на почетокот од годинава. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, вкупното

НЕМА ПРОПУСТИ ВО ИСПРАЌАЊЕТО МОЗОЧНИ ТКИВА ВО САД Јаневска не гледа основ за сомнежи

05/02/2026

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека го дели мислењето на министерот за здравство Азир Алиу и дека

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy