Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски од Букурешт: Заедничка посветеност во спречување на илегалната миграција и криумчарењето мигранти
Македонија

Спасовски од Букурешт: Заедничка посветеност во спречување на илегалната миграција и криумчарењето мигранти

21/06/2023

AA

Денеска (21.06.2023) во Букурешт, Република Романија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на 23. Состанок на Комитетот на министри во рамки на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа, со која претседава МВР на Република Романија, а на тема „Спречување на криумчарење мигранти и влијанието на војната во Украина врз полициската соработка“.

Истакнувајќи ги актуелните воени и политичко – безбедносни кризи на Блискиот и Средниот исток, војната во Украина, неповолната економска и социјална состојба во матичните земји како значајни фактори кои влијаат за влез и транзит на нелегални мигранти низ земјата, министерот Спасовски рече дека воспоставената Западно – балканска рута, која има поволна географска конфигурација, дава можност за брзо и лесно стигнување од грчката до македонско-српската граница, а понатаму кон земјите на ЕУ.

„Во периодот од јануари до мај 2023 година, на државните граници спречени се 3.518 обиди за илегални преминувања, најголем дел од нив на границата со Република Грција – 3.048, каде е забележано намалување на обидите за 42%, а исто така за 32% е намален е бројот на обиди на граница со Република Србија”, информираше Спасовски, потсетувајќи дека пред речиси два месеца започна да се спроведува заедничката операција со Европската агенција Фронтекс, со која се обезбедува заеднички пристап во справување со предизвиците на илегални активности долж границата со Грција, со распоредување на повеќе од 100 службеници, патролни возила и специјална опрема од страна на Фронтекс.

Во однос на криумчарењето на мигранти, министерот Спасовски истакна дека е забележана тенденција на намалување.

„Кога станува збор за криумчарењето на мигранти, оваа година откриени се 29 случаи на криумчарење на 234 мигранти, а мерки на кривичен прогон се преземени против 21 лице при што доминираат мигранти од Сирија-144, од Конго-39, Пакистан-17, Авганистан-16. Од извршените согледувања, случаите на криумчарење мигранти се намалени за 17%, исто како и бројот на криумчарени мигранти”, рече министерот Спасовски.

Истакнувајќи дека криумчарењето мигранти се рангира меѓу највисоките места на профитабилна форма на организиран криминал, веднаш по трговијата со дрога, министерот Спасовски рече: „За борба против криумчарењето мигранти на еден одржлив начин потребни се континуирани напори кои ќе дадат поттик за спроведување краткорочни и среднорочни активности, соодветни ресурси и тесна соработка на сите земји долж рутата. Повеќе од јасно е дека со оглед на хоризонталниот, вкрстен карактер на криумчарењето мигранти и високиот број на правосудни органи и органи за спроведување на законот на национално, европско и меѓународно ниво, одговорни за спречување на активностите за криумчарење, од клучна важност за добивање конкретни резултати се меѓуресорската координација и соработка, како и размената на информации”, потенцираше Спасовски.

Тој истакна дека во рамки на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија формирана е Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, која работи по насоки на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран  и сериозен криминал на основа на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство на Република Македонија, како добра практика за соработката помеѓу овие две институции.

„Преку оваа единица, Министерството активно учествува во Работна група за Западен Балкан во која партиципираат сите земји од Балканскиот Полуостров, но и други европски земји, како и агенции за спроведување на законот – Европол,  Интерпол и ЕАСО, чија цел е размена на криминалистичко-разузнавачки информации во реално време, поврзани со криумчарење мигранти и трговија со луѓе, вршење проверки во бази на податоци, воспоставување на заеднички истраги, организирање на оперативни состаноци, размена на податоци за таргети од висок профил, споделување на нови модуси на делување на организирани криминални групи, нови рути, изготвување на месечни информации за состојби со илегалната миграција и слично.  Соработката на ова поле  е  од големо значење во земјите во регионот  и  во областа на трговијата со луѓе, поради фактот што постои корелација помеѓу кривичните дела криумчарење мигранти и трговија со луѓе, односно на својот пат кон крајната дестинација, илегалните мигранти многу лесно може да станат жртви на трговија со луѓе”, истакна министерот Спасовски.

Со оглед на фактот што најголемиот наплив на мигранти доаѓаат од територијата на Р.Грција, според министерот Спасовски неопходно е да се интензивира меѓусебната оперативна соработка, во насока на навремена размена на податоци, профилирање на организирани криминални групи и криминални соработници, со цел воспоставување на заеднички истраги за сузбивање на криумчарење мигранти. Тој додаде дека од огромна корист би било и подобрувањето на оперативната соработка помеѓу сите земји долж рутата, вклучувајќи ја и Турција, но и ЕУ земјите кои се крајни дестинации за мигрантите.

Во однос на влијанието на ситуацијата во Украина врз полициската соработка, министерот Спасовски истакна дека пејсажот на регионалната безбедност е веќе изменет што ќе придонесе за долготрајни последици на меѓународниот поредок.

„ Некои промени поврзани со трговијата со луѓе, оружје, дрога и недозволени добра може да бидат трајни, додека други може да бидат минливи, бидејќи динамиката на моќта и физичките закани се менуваат. Оваа постојано променлива природа, и фактот дека овие злосторства ги преминуваат националните граници, може дополнително да го отежне и нашето соочување со предизвиците. Нешто што можеме да направиме и што веќе и го правиме и во рамки на редовното работење на припадниците на МВР е континуирана анализа на заканите и ризиците кои се развиваат, обука и градење капацитети на органите за спроведување на законот во регионот и спроведување кампањи за зголемување на јавната свест за зголеменото постоење на ризици и за мерки кои може тоа да го превенираат”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека треба заедничка посветеност на регионалната соработка како клучна во справувањето со заедничките предизвици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy