
Спасовски: Не се откажуваме, продолжуваме! Минимална пензија од 20 илјади и просечна од 30 илјади денари во следниот мандат
Носителот на листа во втората изборна единица и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со пензионерите. Тој на друштвените мрежи напиша дека СДСМ продолжува со подобрување на животниот стандард на пензионерите.
„Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите“, пишува Спасовски.