Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски на логорување во Лазарополе: Во континуитет ги вработуваме најдобрите студенти од ФБ!
Македонија

Спасовски на логорување во Лазарополе: Во континуитет ги вработуваме најдобрите студенти од ФБ!

28/06/2023

AA

Денеска, (28.06.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, проф. д-р Игор Неделковски, Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, проректорите ,професорите и претставници од Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ го посетија Кампот за обука на МВР во Лазарополе каде што студенти од Факултетот за бесбедност – Скопје, реализираат практична настава – логорување. Притоа, министерот Спасовски, деканот Дујовски и ректорот Неделковски имаа свое обраќање пред студентите, а од страна на студентите беше реализирана показна вежба.

„Изминативе години Факултетот за безбедност покажа едно ново повисоко ниво на европски пристап кон студентите во проучување на приликите во безбедноста, криминалистиката и криминологијата. Особено внимание се посветува и на клиничката и практичната настава, токму обуката за логорување која се спроведува секоја година заедно со Одделот за специјални полициските операции во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР, има особен интерес кај студентите и на своевиден начин претставува белег на самото студирање”, рече министерот Спасовски на почетокот од своето обраќање. Притоа, министерот Спасовски се осврна на значењето на практичната настава за студентите и за МВР.

„За нас како раководство на Министерството, секако и за присутните гости од Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ова претставува одлична можност одблиску да ги проследиме практичните активности на студентите кои опфаќаат сценарија за начини, формации и тактики на движење при совладување на отворен и пошумен простор, тактики на движење во затворени објекти, заседа и блокада, гаѓање со вежбовен школски пиштол и вежбовна автоматска пушка – AIRSOFT опрема”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека тука се за да разговараат за плановите на МВР за интегрирање на произведениот кадар од Факултетот за безбедност.

„Токму пред три месеци започнавме со Отворени денови на МВР за студенти, ученици и граѓани со цел запознавање со процесите каде се креира и реализира безбедноста на граѓаните и државата. Тогаш, пред деканот и студентите на Факултетот за безбедност ја презентирав идејата за креирање на правна рамна за соработка помеѓу министерството и Факултетот со која МВР ќе преземе обврска секоја година да бидат вработени одредена бројка на најдобрите дипломирани студенти со цел зголемување на капацитетот на МВР. Во оваа прилика, ве информирам дека во МВР веќе е отпочната постапката за вработување на најдобрите студенти од Факултетот за безбедност со кои во текот на утрешниот ден ќе имам работен состанок”, рече министерот Спасовски, охрабрувајќи ги студентите да работат на нивното образование со цел да бидат бескомпромисен столб на нашиот безбедносен систем и гарант на мирот, стабилноста, демократијата и на владеењето на правото во општеството.

Од страна на ректорот Игор Неделковски беше истакната пофалба за организација на кампот, при што тој рече:

„Соработката на Факултетот за безбедност и на целиот Универзитет, како и со државните органи, пред се со МВР, е од клучно значење.
Овој камп кој се реализира во наредната недела е пример за добра пракса на практична обука, нешто што постојано се повторува дека недостасува во високото образование. Се надевам со стекнатите вештини по дипломирањето ќе бидете осбособени за работа во МВР или други безбедносни институции”, истакна ректорот Неделковски.

Истакнувајќи ја врвата соработка помеѓу МВР и Факултетот за безбедност, Деканот Никола Дујовски рече:

„Денеска сме заедно со најблиските пријатели, министерот Спасовски и тимот, со кои работиме на унапредување на безбедноста во државата, да ги посетиме студентите од Факултетот за безбедност, кои се всушност 13-та генерација која посетува обука за логорување. Драги студенти, да ги носите спомените цел живот и да ги учите практичните аспекти на професијата полициски службеник. Во оваа прилика упатувам благодарност до Единицата за обука и поддршма и Одделот за специјални полициски операции. Секако благодарност до министерот Спасовски за поддршката – би истакнал дека кога министерот Спасовски дојде на чело на МВР, до тогаш имаше 500 невработени дипломирани, бидејќи до тогаш не беа приоритет за инститцуиите. Денеска невработени дипломирани се помалку од 100 благодарние на соработката со МВР и континуираните конкурси”, рече Деканот Дујовски.

На настанот, Деканот Дујовски, во свое и во име на студентите и вработените на Факултетот за безбедност – Скопје, додели благодарници на министерот Оливер Спасовски и директорот на БЈБ д-р Сашо Тасевски, за долгогодишна соработка и поддршка за успешна реализација на акивноста логорување. Воедно, министерот Спасовски, заедно со присутните гости и студентите од Факултетот за безбедност се дружеа на студентски логорски кафе и ручек, каде што од страна на Офицерот за безбедност при Амбасадата на САД, Мајкл Кернс, како и од Шефот на Оддел при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Јурај Смолек, беше изразено задоволство од долгогодишното партнерство и соработка со МВР, а особено беше истакната благодарност за соработката од страна на министерот Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
Македонија

Приведени девет возачи за безобѕирно управување возило – сите возеле

13/06/2026
Македонија

Полициска акција на повеќе локации: Уапсени 12 лица поради дрога!

13/06/2026
Македонија

Приведени две лица од скопско – при преглед во возилото

13/06/2026
Македонија

Предлог притвор за 36-годишник: Со месеци силувал 12-годишно девојче во

13/06/2026
Македонија

Перински: Опозицијата го кочи Законот за локална самоуправа и референдумски

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43745
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена, a добил упатен акт за

13/06/2026

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврди дека се соочува со правна и политичка неправда откако добил упатен акт за

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат сметки!

13/06/2026

Граѓаните веќе трет ден се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата „Мој ДДВ“, која не е целосно функционална и

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

13/06/2026

На 12.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy