Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски на 80 години од формирањето на КПМ во Тетово: Светол датум кој е непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ
Македонија

Спасовски на 80 години од формирањето на КПМ во Тетово: Светол датум кој е непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ

19/03/2023

AA

Денеска, (19.03.2023), во Тетово, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на одбележувањето на јубилејни 80 години од формирањето на Комунистичка партија на Македонија, во спомен куќата на семејството Јовановци која е денешен Меморијален музеј на ЦК на КПМ, а во организација на Општинската организација на Сојузот на Борци од Тетово во соработка со Национална Установа „Музеј на тетовскиот крај”.

Обраќајќи се пред присутните, министерот Спасовски го истакна значењето на историската куќа на семејството Јовановци која и по 80 години ја чува историјата на големите одлуки кои беа донесени на 19 март 1943, со кои е конституиран Централниот Комитет на Комунистичката партија на Македонија.

„Овој светол датум претставува и непобитен доказ за самосвеста на македонскиот народ, за силната и непоколеблива волја, победничкиот морал и слободарски дух на припадниците на партизанското движење на Македонија, изразен со високата политичка свест на борците и на населението за постигнување на крајната цел – создавање македонска држава”, истакна министерот Спасовски.

Спасовски во свое и во име на МВР ја изрази почитта и благодарноста кон сите членови на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, честитајќи го денешниот голем јубилеј – 80 години од формирањето на Централниот комитет на КПМ.

„Овие големи датуми, но и хероите присутни тука, нè потсетуваат дека слободата никому не му е подарена, а визијата на секој лидер е да ја чува и негува татковината, да ги носи вистинските одлуки во вистинско време за доброто на својот народ, за својата држава, почитувајќи ги слободарската традиција, херојската историја и идејата на антифашизмот. Тоа бил и останува нашиот вистински пат!”, заврши министерот Спасовски, упатувајќи желби што поскоро големите датуми од нашето минато, од нашата крвава антифашистичка историја да ги одбележуваме со комплетно исполнети стратешки определби, наши и на нашите предци, во модерна демократска држава со европски вредности.

Од страна на претседателот на Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓани продолжувачи, д-р Никола Стојановски, беше изразена благодарноста за организацијата на одбележувањето на овој значаен датум.

„Благодарен сум што денеска сум тука со вас, да се потсетиме што било пред 80 години, кога ја створивме македонската држава. Да се потсетиме на борбата која ја водевме заедно, сите народности. Државата ни е тука – да се бориме да ја сочуваме!”, рече претседателот Стојановски.

На крајот од настанот министерот Спасовски положи цвеќе пред бистата на Јосип Броз Тито во дворното место на спомен куќата на семејството Јовановци. Притоа, тој ја посети и спомен собата каде е формирана Комунистичката партија на Македонија и избран нејзиниот Централен комитет, при што се потпиша во Книгата за впечатоци – „Во чест на денот на формирањето на КПМ и 80 години опстојување на идејата за слобода, правда и рамноправност. Никогаш да не се заборават придобивките на антифашизмот. Да не се заборават темелите на македонската државност”, напиша министерот Спасовски во Книгата за впечатоци во спомен куќата на Јовановци од Тетово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy