Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: На 4 февруари мора да покажеме национално единство и посветеност кон исполнувањето на нашите стратешки цели
Македонија

Спасовски: На 4 февруари мора да покажеме национално единство и посветеност кон исполнувањето на нашите стратешки цели

02/02/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дневникот на ТВ Сител вечерва, одговарајќи на прашањата во врска со тензиите околу одбележувањето на 151 годишнина од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, повика на сплотување и национално единство, токму овој ден да биде повод повеќе за надминување на разликите и обединување околу остварување на нашите стратешки интереси.

„Остварувањето на ниедна цел, посебно на најважните стратешки национални интереси никогаш не одела лесно, во ниту едно време, за ниту едно прашање… За тоа треба да се има храброст. А најважно од сѐ, треба да имаме национално единство за сите овие прашања. Затоа мислам дека на 4 февруари после сите подигнати тензии, Северна Македонија мора да покаже национално единство. Да покажеме дека сме едно и сплотени кога станува збор за нашите национални интереси. Ако тога го покажеме, нема никој којшто може да не загрози и нема сила којашто може да биде со пропаганда посилна од силата на граѓаните и на народот коишто сакаат да ги остварат стратешките цели“, порача министерот Спасовски.

Тој потенцираше дека полицијата со преземење на сите потребни мерки и со целосна посветеност ќе го обезбедува настанот со цел мирот и безбедноста целосно да бидат запазени за да се овозможи достоинствено чествување на роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев.

„МВР секогаш носи одлуки на основа на информации и податоци коишто ги прибира аналитички и како институција не може да се води од тоа што се објавува по социјалните мрежи или е политика на разни политички структури. Оваа држава фунционира, има институции кои се задолжени за јавниот ред и мир и зачувување на сите аспекти од достоинството на македонската држава и македонскиот народ“, потенцираше министерот Спасовски.

Тој увери дека и покрај тоа што се подигнаа тензиите од страна на радикални структури од двете страни на границата, во сабота полицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за сѐ да помине во најдобар ред.

„Секогаш незадоволните од нешто или оние кои сакаат да злоупотребат некој настан – се најгласни, но тоа не значи дека тие се мнозинство. Огромното мнозинство на граѓаните посакуваат и поддржуваат да имаме достоинствена прослава на овој ден на нашиот великан Гоце Делчев”, увери уште еднаш министерот Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy