
Спасовски: МВР ќе постапи доколку истрагата за двојното убиство се прошири и има нови барања од Обвинителство
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека случајот со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски од аспект на МВР е расчистен.
„И тогаш кажав и сега повторувам дека случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост, за сите други аспекти од истрагата ќе се обратите во Обвинителството и сите овие аспекти, којшто ве интересираат ќе ги добиете“, рече Спасовски.
Спасовски додаде дека иако случајот е комплетиран од страна на министерството, доколку се процени да се прошире истрагата и да се добијат други барања и насоки од страна на Обвинителство, во тој случај „МВР е тука да постапува“.

