Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Медиумите се сериозен партнер на МВР
Македонија

Спасовски: Медиумите се сериозен партнер на МВР

23/11/2023

AA

Медиумите се сериозен партнер на МВР. Во согласност со нивната улога и значење, тие чинат еден од темелните сегменти врз коишто се потпираат демократските стандарди и вредности на заедницата. Без нив е невозможна онаа нужна општествена отвореност, отчетност и одговорност како клучни алки на системот, неопходни за неговата максимална функционалност. А полицијата, во доменот на своите надлежности, од 2017 година демонстрира подготвеност за градење и интензивирање на партнерството со сите професионални медиумски асоцијации, особено во поглед на овозможување на што поквалитетни услови за нивна работа.

Ова го напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

-Тој процес на трансформација на МВР од крајно затворена институција, во институција чија транспарентност од година во година бележи огромен напредок, подеднакво во проактивната и во реактивната транспарентност, се одвиваше паралелно со реформските процеси во Министерството. Активната транспарентност на МВР од просечни 59.5 проценти во 2016, денеска во 2023 изнесува високи 87.5 проценти, објави Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со работната група на Здружението на новинарите на Македонија, предводена од претседателот на ЗНМ Младен Чадиков

Според него, ова се должи на низа процеси. Вредна за споменување, напиша Спасовски, е соработка со Мисијата на ОБСЕ и Здружението на новинари на Македонија, при што беше изработен „Прирачник за безбедност на новинарите за време на настани со висок ризик“, во насока на драстично и квалитетно унапредување на состојбите во делот на непречено и безбедно извршување на новинарската професија.

– МВР со Здружението на новинари со заеднички труд и соработка се насочија кон подобрување на состојбите од пред 2017 година, кога новинарите не само што беа честа мета на насилници, па и на полицијата, напади што најчесто поминуваа нерасчистени, односно без казна за сторителите. Во таа насока на 29 декември 2017 година беше потпишан Меморандумот за соработка за преземање на активности за подобрување на состојбите. Исто така, во март 2023 година, МВР и Здружението на новинари на Македонија го промовираа изработениот Протокол за безбедност на новинарите на интернет, со фокус на новинарките, напиша министерот за внатрешни работи на фејсбук.

Извештаите за активна транспарентност во изминатите години, подготвени од страна на Центарот за граѓански комуникации, по претходно изработена методологија, со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), пишува Спасовски, го следат степенот на објавување на информации на сопствена иницијатива на институциите, без, притоа, некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

– Притоа, од сите министерства, вклучително и Владата, МВР е позиционирано во топ три институции по својата транспарентност, рангирано во најдобрата група, со исполнетост од 80 до 100 проценти, континуирано бележејќи нагорна линија на транспарентност, објави на фејсбук министерот Оливер Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy