Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, извршила и три убиства
Магазин

Спасовски: Криминална група набавувала кокаин од Латинска Америка, извршила и три убиства

25/01/2024

AA

 
Голема злосторничка афера откри министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево, при што кажа дека криминална група од село Грчец, вршела транспорт на кокаин од Латинска Америка, до европски земји, како и во Македонија. Истите се осомничени и за четири убиства, во последните години, меѓу кои и на двајца албански државјани во близина на Скопје.
 

До Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства.  

Како што соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се работи за Ш.М. (46), Д.И. (50), Ф.Б. (45), Б.А. (44), Р.С. (41), С.А. (44), М.Ч. (27), С.С. (36), Ш.А. (27), Ш.Б.(20), Н.И. (44), Е.И. (25), Ф.С. (43), Ш.С. (40), М.Д. (41) и О.П. (43).

 
„Под раководство на Обвинителство, лишени се од слобода лица за кои постои сомнение дека биле инволвирани во набавка на кокаин и вршење на тешки кривични дела – убиства. Повеќемесечната истрага придонесе да се обезбедат доволно докази против пријавениот Ш.М. (47) од село Грчец, кој заедно со сега починатите О.Б. и Ј.К.  од декември 2019 до март 2021 година, за што се обезбедени докази, организирале криминална група. Била формирана со цел вршење убиства од користољубие“, рече меѓудругото министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата.
 

Организаторите создавале планови и одлучувале кој, кога и како да биде лишен од живот, а плановите ги спроведувале лично или преку организираната криминала група. Организираната криминална група делувала на меѓународно ниво, оранизирала набавка на кокаин од јужноамерикански земји, пренесување до земјите на ЕУ, а дел бил наменет и за наркопазарот во земјава. 

-Како резултат на денешните активности и извршените претреси на 20 локации во Скопје, во село Грчец и други места, шестмина од пријавените се лишени од слобода, дел подолго време престојуваат надвор од земјава, а едно лице, Р.С., е веќе лишено од слобода во Шпанија, истакна Спасовски.

Според него, при претресите се запленети голема сума пари, луксузни автомобили и други вредни предмети.

Тој рече дека „оваа криминална група која делувала на меѓународно ниво набавувала кокаин од Еквадор, Перу, Бразил и Боливија. Плановите и договорите ги правела преку непосредни контакти. Од досега спроведените мерки е документирано дека оваа група организирала две набавки на кокаин до земјите од ЕУ и С. Македонија, 435 килограми кокаин набавен од Бразил и транспортиран до пристаништето во Антверпен, Белгија. Дел од наведената количина требало да заврши и на пазарот во Македонија“.

„Групата организирала и неколку транспорти на дрога од Белгија и Албанија во С. Македонија. Припадниците на оваа група се стекнале со значителни финансиски средства кои ги инвестирале во лукзусни куќи, угостителски објекти, кои се предмет на конфискација. Организаторот на групата Ш.М. заедно со членовите организирале обид за убиство на лице од село Бардовци, убиство на албански државјанин чие тело беше најдено во село Горна Матка, како и двојно убиство случено на 5 март 2021 година во Скопје“ рече Спасовски.

МВР во координација со Основното јавно обвинителство за организиран криминал по издавањето потерници за лицата кои се надвор од земјава ќе преземе координативни мерки со поддршка на ЕУРОПОЛ за нивно лишување од слобода.

-Знаеме каде се лицата кои подолго време престојуваат надвор од земјава. Имаме детална соработка со ЕУРОПОЛ, продолжуваме понатаму со активностите, рече Спасовски и додаде дека ова е една од можеби најзначјаните истраги со која, потенцира, финишира целосното разбивање на криминалните групи кои делувале повеќе од 30 години на тероторијата на Гард Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy