Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски – Костадиновска-Стојчевска: Преземањето на Благодатниот оган директно од Ерусалим е историски чин за македонските граѓани
Македонија

Спасовски – Костадиновска-Стојчевска: Преземањето на Благодатниот оган директно од Ерусалим е историски чин за македонските граѓани

15/04/2023

AA

Денеска напладне во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел започнува церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим“, на која за првпат свое учество има македонско-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски.

Како што соопшти владината прес-служба, на овој голем чин кој се одржува секоја година на Велика Сабота има претставници од повеќе држави кои со владини и црковни почести, го пренесуваат светиот оган во своите земји.

Во пресрет на овој историскиот настан за македонската држава, нејзините граѓани и за МПЦ-ОА, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од Ерусалим рече дека му причинува чест и задоволство што ја предводи делегацијата на македонската Влада и на Македонската православна црква – ОА којашто за прв пат ја има честа да го преземе Благодатниот оган директно од Ерусалим.

-Ова е историски чин кој се случува веднаш по воведувањето во канонско единство и признавање на нашата света црква, ова е прва година во којашто директно од Храмот со благослов на Патријархот Ерусалимски, ќе можеме да го преземеме огнот и да го однесеме во Македонија, рече Спасовски, додавајќи дека тоа е значајно за верата, значајно е за државата, за нашите граѓани, значајно е за нашата црква која веќе се вбројува во големото православно семејство.

Спасовски истакна дека македонската делегација синоќа присуствуваше на вечерната служба.

-Нашата црковна делегација беше дел од сите црковни великодостојници овде во Ерусалим, се поклонивме на гробот на нашиот Бог Исус Христос и мислам дека е укажана голема чест и на државата и на македонскиот народ, на граѓаните кои живеат во нашата земја и секако на МПЦ-ОА, рече тој.

Како член на делегацијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство што оваа година за прв пат нашата држава ја има честа директно да присуствува на церемонијата на „преземање на Благодатниот оган“ директно од Ерусалим.

-Прв пат имаме шанса директно да го однесеме дома Благодатниот оган, во нашата држава, да го предадеме во МПЦ, и потоа, тој оган ќе продолжи да ни ги осветлува и домовите и храмовите во текот на целата година. Со државата Израел ние досега имаме плодна соработка, не само на полето на културата, туку на полето на образованието, а се надевам дека таа соработка и понатаму ќе продолжи. Многу често соработуваме со државата Израел, со сите коишто имаат желба со нас да разменат искуства. Да продолжиме да учиме едни од други, да учиме не само во областа на религијата, туку да учиме и во областа на културата, да учиме за хуманоста за човештвото, за победата на животот и за тоа како да бидеме подобри во она што го правиме на секојдневна основа“, рече Костадиновска-Стојчевска во пресрет на големиот чин за православните христијани.

Македонската државно-црковна делегација присуствуваше на утринската богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим на која чиноначалствуваше Неговата светост, Патријархот Ерусалимски Теофил. Во пладневните часови е најавена церемонијата на „преземање на Благодатниот оган“ во Базиликата на Светиот Гроб.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy