Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Измената на Кривичниот законик овозможува брзи и ефикасни постапки со проширена конфискација на нелегално стекнатиот имот
Македонија

Спасовски: Измената на Кривичниот законик овозможува брзи и ефикасни постапки со проширена конфискација на нелегално стекнатиот имот

15/09/2023

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека мора да се направат низа мерки и активности, вклучувајќи и промена на законската регулатива, коишто ќе придонесат за поефикасна борба во однос на корупцијата и криминалот во општеството, во таа насока ги гледа измените на Кривичниот законик.

– Кога зборувам ефикасност, тоа значи да имаме ефикасни, брзи постапки во кои тие коишто ги злоупотребиле своите позиции и влегувале во висока корупција, да можат на многу брз и ефикасен начин да бидат процесуирани и сето она што го имаат стекнато да биде конфискувано и да биде вратено назад. Така што, измената на Кривичниот законик јас ја гледам не како проблем, туку како една можност. Сакам да напоменам дека воопшто не станува збор за Закон со којшто ќе има амнестија, таму не може да има амнестија за никого. Таа е во директна согласност со директивата на Европската унија, во која се предвидува проширена конфискација, вели Спасовски.

Тој потсети дека судските постапки траат многу долго, со години и се случува да завршат без да биде конфискуван имот.

– Ако погледнете историски, ќе видите дека од 90-тата година, па некаде до 2017 година ние сме имале само три конфискации на нелегално стекнат имот. Тоа што ни траат судските постапки многу долго, тоа што сите функционери биле поведувани под еден член „злоупотреба на службената положба и овластување“, без притоа да се конкретизираат кривичните дела кои се направени, претставува проблем и во правниот систем. И тоа никаде го нема во земјите членки на Европската унија. Таму има низа на кривични дела под коишто можат да бидат подведени сторените кривични дела од функционери и на тој начин да носат одговорност, објасни Спасовски, додавајќи дека така ќе се избегнат ситуации во кои по десетици носители на функции ќе бидат подведени под истиот член и притоа ќе се докажуваат за тоа дали е злоупотребена функцијата или не е злоупотребена, дали се преземени доволно мерки, имало ли доволно докази, а притоа постои друго кривично дело за кое се исполнети елементите, остварено битието на тоа кривично дело.

Министерот Спасовски е дециден дека измените на Кривичниот законик прво не го укинуваат кривичното дело „злоупотреба на службената положба“, туку се укинува став од него и обвинителот има можности да направи преквалификација на делото на основа на доказите кои ги има.

– Значи не станува збор дека не може да се одговара, дека некој овозможува преку измена на овој закон да не се носи одговорност. Станува збор за тоа дека мора истражните органи, предистражните органи да бидат инвентивни и да ги користат кривичните дела коишто се огромен број во Кривичниот законик и на основа на тоа да се носи одговорност. Како што реков, тоа е сериозен проблем. Имате постапки кои се отворени 2015, 2016, 2017 година и до денеска нема конечна пресуда. Тоа е клучниот проблем во македонското општество, граѓаните сакаат да видат предвидливост и следливост на постапките, од моментот на отворањето на постапката да ја видат крајната состојба, да се издржи казната затвор и да се конфискува имотот кој е нелегално стекнат, доколку го има, рече Спасовски, додавајќи дека измените на Законот не создаваат можност со која некој ќе биде ослободен од обвинение.

Прашан дали има договор меѓу власта и опозицијата со измените на кривичниот законик да се спаси поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и други функционери од опозициската партија, а за возврат да се обезбедат гласови за донесување на уставните измени, министерот Спасовски потсети дека Груевски има низа на предмети коишто се водат за кои застареност може да се очекува 2036 година, а има предмети за коишто не е водена постапка токму поради тоа што не бил достапен.

– Еве за организацијата на настаните од 27 април, застареноста чинам е дури по 40 години. Тоа покажува дека нема никаква основа за ослободување од кривична одговорност на никого, ниту на него. На кој начин ќе се анулираат тие постапки кои се водат овде во институциите?! Тоа е можно само со амнестија, а таква работа немаме денеска. Така што сите овие и актуелни и поранешни функционери апсолутно не се изземени со измените во овој закон, подвлече Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy