Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски и Паскал од Вашингтон: Заеднички ќе успееме во безвизниот режим
Македонија

Спасовски и Паскал од Вашингтон: Заеднички ќе успееме во безвизниот режим

11/01/2024

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Вашингтон, САД, оствари средба со Боб Паскал, Прв заменик помошник Секретар за меѓународни работи во Одделот за внатрешна безбедност на САД.

Истакнувајќи дека средбата е симбол на зајакнатото партнерство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, во делот на внатрешната безбедност, Спасовски се заблагодари за поддршката и помошта што ја добиваме од Соединетите Американски Држави, од Вашиот Оддел, од Одделот за Правда и Стејт Департментот, особено преку ИЦИТАП Меѓународната програма за помош за обука во криминалистичката истрага.

„Нашиот ангажман за зајакнување на внатрешната безбедност е од суштинско значење за заштита на нашите граѓани и зачувување на демократските вредности. Во таа насока од огромна важност би било спроведувањето на заеднички тренинзи, размена на информации и заеднички операции, во вид на Меморандум за соработка, со цел значително да придонесеме кон справувањето со транснационалниот криминал, тероризмот, сајбер-заканите и другите современи безбедносни предизвици”, рече министерот Спасовски додавајќи дека експертизата, вложените ресурси и искуства од САД се од непроценлива вредност во подобрување на способностите на органите надлежни за спроведување на законите и генерално во соработката помеѓу двете земји, за која се обврзуваме да ја надградуваме и во иднина.

Од страна на Прв заменик помошник Секретар за меѓународни работи, Боб Паскал, беше истакнато дека САД ги цени партнерствата со трети земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

„Сите ваши напори кои ги правите како држава можеме да кажеме дека е во топ 10 земји кои соработуваат со САД во борбата против тероризмот и тоа многу го цениме, тоа е битно за безбедноста на сите граѓани”, рече Паскал.

Двајцата соговорници, Спасовски и Паскал, разговараа и за Програмата на САД за безвизен режим, како и за актуелните состојби во делот на илегалната миграција и граничната безбедност кои се од исклучителна важност за безвизниот режим. Притоа, заклучокот од разговорите беше дека заеднички треба да се направи се’ добрите граѓани безгрижно да патуваат, а на другите да им биде отежнато и оневозможено.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy