Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски и МекКлејн од Вашингтон: Одличната соработка ја негуваме и постојано работиме на нејзино унапредување
Македонија

Спасовски и МекКлејн од Вашингтон: Одличната соработка ја негуваме и постојано работиме на нејзино унапредување

12/01/2024

AA

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари средба со конгресменката Лиза МекКлејн којашто е ко-претседавач со Конгресниот кокус за Македонија и за Американците со македонско потекло.

Изразувајќи благодарност кон конгресменката МекКлејн, во свое и во име на Владата на Република Северна Македонија, министерот Спасовски ги потенцираше придобивките од заложбите на Конгресниот кокус за Македонија.

„Можам да констатирам дека Американците со македонско потекло успешно се вклопија во американското општествено живеење и учествуваат на рамноправна основа во граѓанските и верските слободи, како и во заштитата на основните човекови права, што ги направи значајни актери во американската заедница”, рече Спасовски, додавајќи дека истиот модел го следи и Република Северна Македонија.

„Република Северна Македонија се стреми да го усвои и подобри овој модел, работејќи кон создавање на општество каде секој има еднакви можности и шанси за успех. Со гордост можеме да кажеме дека оваа двонасочна културна и општествена размена го збогатува и подобрува искуството на животот како во Република Северна Македонија, така и во Соединетите Американски Држави, создавајќи мостови на разбирање и соработка кои ја надминуваат географската дистанца и ги обединуваат заедниците во заеднички цели и вредности”, рече Спасовски.

Министерот Спасовски во оваа прилика побара поддршка за процесот на визна либерализација за Република Северна Македонија и за усвојување на Нацрт законот за демократија и просперитет на Западен Балкан
Конгресменката МекКлејн изрази особено задоволство за денешната средба потенцирајќи ја во оваа прилика одличната соработка и релациите со македонската заедница во САД која се негува и опстојува со еден взаемен однос на почит и соработка. На предложените иницијативи за поддршка од страна на министерот Спасовски, МекКлејн истакна дека со задоволство ни стои на располагање да помогне во зајакнување и унапредување на соработката помеѓу нашите две пријателски земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
Македонија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5

17/02/2026
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители:

17/02/2026
Македонија

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има

17/02/2026
Македонија

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот

17/02/2026
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41583
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно лице загина!

17/02/2026

На 17.02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА ОД ИНТЕРВЈУ Според Бесими сите

17/02/2026

Советот на јавните обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Како што велат, врнежи од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy