Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Да се напушти потпалувачката реторика од патриотските здруженија, граѓаните да не подлегнуваат
Македонија

Спасовски: Да се напушти потпалувачката реторика од патриотските здруженија, граѓаните да не подлегнуваат

31/01/2023

AA

МВР ги презема сите потребни активности за обезбедување мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тогаш кога ќе се процени дека треба да има поголемо присуство на полицијата ќе го има, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите по вториот панел од годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој апелира до сите политички субјекти да бидат одговорни во овој процес, бидејќи неодговорноста не прави добро на граѓаните. Упати порака до граѓаните да останат смирени.

Во однос на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и дали ќе биде пуштен во државава на 4 февруари, Спасовски рече дека на основа на сите анализи ќе ја донесат одлуката. – Споделуваме информации во однос на тоа што се очекува, а одлуките ќе ги носиме кога ќе дојде време, рече Спасовски.

– И двете држави и двете министерства за внатрешни работи ќе направат сѐ за да не им се остави простор на радикалите кои сакаат да го нарушат односот меѓу двете држави. Мора да се деескалира состојбата. Нема да дозволиме никаква ескалација на состојбата ниту инцидент, ниту понижување на македонскиот народ и држава.

Коментирајќи ја средбата со неговиот бугарски колега Спасовски рече дека добиени се гаранции дека нема официјална политика што може да се базира на негирање на народ или држава.

– Тоа е основа за секакво идно партнерство што треба да го имаме и на средбата беше изразен јасен став дека добрите односи меѓу двете држави се важни за цлеиот регион, порача Спасовски.

Тој нагласи дека институциите функционираат и дека тие се должни да ги обезбедат сите мерки и активности. Министерот порача дека треба да се напушти потпалувачката реторика која ја слушаме од патриотските здруженија.

Тој упати апел до граѓаните да не подлегнуваат на кој било повик и да не преземаат надлежност што е во ингеренции на институциите.

Министерот наведе дека од такви минати дејствија може да се согледа дека лицата кои повикуваат остануваат нечепнати а оние кои посегнале по државата и институциите сега се во затвор.

– Никој во оваа држава не смее да биде и нема да биде над државата, порача Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy