Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Да ја зачуваме слободата и демократијата и да ја трасираме иднината!
Македонија

Спасовски: Да ја зачуваме слободата и демократијата и да ја трасираме иднината!

18/04/2024

AA

Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се обрати пред граѓаните на Куманово, во населбата Перо Чичо, како старт за кампањата за парламентарните избори 2024 година.

-Нема поубаво чувство од тоа кампањата да ја почнеш од Куманово, град првоборец, град кој ги постави темелите на современата македонска држава. И оттука ја праќаме пораката дека ќе се избориме за ЕУ заедно и победуваме за сите нас, за сега за претседателските и парламентарните избори и на локалните избори 2025 година! Ние го застапуваме концептот на извесност наспроти безнадежност, ние сме тие со јасна визија каде да се движи Македонија наспроти безизлезноста на другите. Нашиот патриотизам е да работиме упорно и посветено за граѓаните и државата. Нивниот патриотизам е сеење магла и лажен патриотизам”, рече Спасовски. Притоа, тој во своето обраќање ги наведе успесите на СДСМ за изминатиот мандат.

„Јас сум горд за многу работи што СДСМ ги направи во својот мандат. Се измиривме со соседите и нема поголема вредност од тоа да бидете добри со соседите. Концептот Едно општество го надградуваме и најважно е тоа да се измириме дома едни со други, рамо до рамо да бидеме силна поддршка на државата. На дело покажавме патриотизам, во мојот мандат како рпетседател на Владата станавме членка на НАТО и го кренавме македонското знаме пред седиштето на НАТО. Денеска зборуваме за напреодк на економски план, за слободни новинари, за систем во кој наместо 8500 денари минимална плата имаме раст на платата секоја година, со просечна плата 600 евра. Ја укинавме радиодифузната такса, го укинавме екстерното тестирање. Само во Куманово вложивме над 121 милиони евра во патна ифнраструктура, за сите регионални патишта, до Свети Никола, до Крива Паланка, до граничен премин Деве Баир итн. Ветуваме дека со иста енергија, жар и посветеност ќе продолжиме да се бориме за вас мои сограѓани”, истакна Спасовски, додавајќи дека овие избори не смее да се направи грешка, туку да се излезе масовно со поддршка за Стево Пендаровски за претседател и за листата за пратеници од ИЕ2.

„Имаме битка за секој од нас, не е се поединци, ниту партија, туку за државата и граѓаните. И добро е што имаме повеќе кандидати за претседател, покажавме дека како држава напреднавме демократски. Но, 6те кандидати не можеш да составиш еден добар претседател. Нашиот претседател Стево е европскиот избор! Другите не можат ни месна заедница да водат, а камоли град или држава. Затоа, не смееме да направиме грешка која скапо ќе не чини, на 24ти масовно излегуваме за Стево, а на 8ми мај двојна победа за европската иднина на Македонија, за листата на пратеници од ИЕ2 во која сите граѓани може да се препознаат бидејќи е вистинска Македонија во мало – Македонци, Албанци, Власи, Бошњаци, Роми, и сите други етнички заедници кои живеат во изборната единица 2. Да ја зачуваме слободата и демократијата и да ја трасираме иднината, сите заедно!”, подвлече Спасовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy