Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спасовски: Борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на МВР
Македонија

Спасовски: Борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на МВР

21/11/2023

AA

Денеска, (21.11.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на Регионалниот состанок на претставници на гранична полиција и Царинска управа од Југоисточна Европа, во организација на Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје во Југоисточна Европа (SEESAC) и Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, а во присуство на заменик амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен Нупнау, како и полициски службеници од граничните полициски и царински служби во регионот на Југоисточна Европа.

Истакнувајќи ја партнерската соработка со СИСАК и ФРОНТЕКС, Спасовски во своето обраќање рече дека управувањето и зајакнувањето на границите со цел справување со сите форми на прекуграничен криминал, меѓу кои и недозволената трговија со оружје е еден од приоритетите на МВР, но во исто време и еден од најголемите предизвици, а во таа насока, борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на Министерството за внатрешни работи.

„Во таа насока, согласно стратешката определба на Република Северна Македонија за пристапување кон Европската Унија и усогласување со европските директиви, оваа година ја донесовме Националната стратегија за контрола на мало и лесно оружје и национален акциски план за 2022-2025 година. Во завршна фаза на усвојување е Прирачникот за мало и лесно оружје за граничните и царинските службеници, во соработка со Frontex, а во соработка со ОБСЕ донесена е и Стандардната оперативна процедура за прибирање и следење на податоци и информации за известувања поврзани со мало и лесно оружје”, истакна Спасовски, додавајќи дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија континуирано работи и се залага за зајакнување на своите капацитети и тоа јасно се гледа преку редовното учество на нашите експерти на регионалните состаноци за огнено оружје на земјите од Југоисточна Европа, организирани од страна на СИСАК, со цел продлабочување на регионалната соработка во борбата со нелегално поседување и трговија со огнено оружје во Југоисточна Европа, преку меѓусебна размена на искуства.

Спасовски рече дека активно се работи и на спроведување на сите планирани активности за остварување на поголеми резултати во подигнувањето на јавната свест за опасностите од злоупотреба на огнено оружје, спречување на трговијата со оружје, како и воспоставување ефикасни системи за размена на информации.

„Неодамна одржаната Обука за етиката во информирање на јавноста за родово базираното насилство, со фокус на инциденти со злоупотреба на огнено оружје, организирана од СИСАК, на која учествуваа и вработени во МВР но и медиуми беше уште една убава можност да се поработи во истата насока”, рече Спасовски на крајот од своето обраќање, заблагодарувајќи се на организаторите за денешниот регионален состанок, при што ги поздрави напорите да продолжат да се организираат настани од ваква природа, со кои ќе се подигне свеста во борбата против злоупотребата на огненото оружје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy