
Спасени две лица од пожарот на планината Готен и Малешевските планини
Во изминатите неколку дена полициските службеници од СВР Штип – ОВР Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток учествуваа во гасењето на пожарот на планината Готен и Малешевските планини.
Со голема посветеност и храброст, тие дадоа голем придонес во справувањето со пожарот, а спасија и две лица чии животи беа загрозени од огнот односно беа пронајдени во бесознание и по укажаната помош на лице место, беа пренесени во здравствена установа.