Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Спахиу: Kурти се обидува да направи сојуз со опозицијата во Македонија
Регион

Спахиу: Kурти се обидува да направи сојуз со опозицијата во Македонија

15/08/2023

AA

Дел од албанските и косовските политичари ја критикуваат реториката на косовскиот премиер Албин Курти со која тој неодамна настапи во Скопје и Тетово.

Екс претседателот на Црвено-црната алијанса од Тирана, Крешник Спахиу, за „Еуроњуз Албанија“ изјави дека Курти, откако не успеа да дојде на власт во Албанија, се обидува да дојде на власт во Македонија. Спахиу рече дека премиерот на Косово се обидува да направи сојуз со опозицијата во Северна Македонија.

„Откако се обиде да ја урне Владата во Тирана, сега се обидува да ја урне Владата во Скопје. Албин Курти учествуваше на изборите во Тирана и на изборите во 2021 година освои 300 гласа, со што отворено ја бараше власта во Албанија. Кога виде дека не успеа во ова и дека нема поддршка во Албанија, се обиде да создаде политички конфликт со формирање на сојуз со опозицијата во Северна Македонија“, рече тој.

Тој додава дека сојузот што може да го има Курти со екс албанскиот претседател Сали Бериша или со некој опозициски фактор во Македонија не е забранет со закон, но би било добредојдено само ако имаат сојуз со сите албански партии.

„Патриотска партија што би била формирана, мора да има во својата база сојуз на сите Албанци за партиски интереси, без разлика, социјалистички или демократски, во власта или во опозицијата“, заклучи Спахиу.

Партијата БЕСА се амнестираше од одговорност за веењето на знамето на „Голема Албанија“ на собирот во Тетово на кој присуствуваше косовскиот премиер Албин Курти, а чиј домаќин беше токму претседателот на партијата кој воедно е градоначалник на Тетово, Билал Касами. 

Посетата на Курти на Скопје и Тетово, беше тема на анализа на српскиот дипломат Зоран Миливојевиќ. Тој за Блиц посочува дека Курти ја спроведува својата и политичката платформа на неговото движење Самоопределување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy