Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Советот пак го блокираше предлогот – нема набавка на еко автобуси
Македонија

Советот пак го блокираше предлогот – нема набавка на еко автобуси

30/03/2023

AA

Советот на Град Скопје по втор пат го блокираше предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за домашно долгорочно задолжување за набавка на еко автобусите.

Советниците на Град Скопје кои не дадоа поддршка на предлогот велат дека не добиле доволно информации околу начинот на набавката, додека од Град Скопје изразија жалење што советниците, наместо да ги задоволат скопјани, ги задоволуваат, како што посочија, партиските лидери.

– Градот Скопје им даде можност на советниците сами да ги изберат условите за кредитирање на проектот и спецификациите за набавка на автобусите, со цел што побрза реализација на суштински проект од програмата „За Модерно Скопје”, но за жал, партиите продолжуваат со нивното деструктивно однесување, се вели во соопштениет од Град Скопје.

Таа на денешната прес-конференција пред почетокот на 27.седница на градскиот Совет бараше поддршка од советниците за набавка на новите еко автобуси со кои, како што рече, ќе се подобрат условите во јавниот превоз, ќе се намалат трошоците и негативниот ефект врз животната средина.

Вториот обид на градоначалничката доаѓа по неуспешниот обид пред два месеца кога таа бараше од советниците да биде изгласан нејзиниот предлог за задолжување за набавка на нови еколошки автобуси.

Според предлогот, се предвидува задолжување на градот за набавка на 50 еколошки автобуси во вредност од 620 милиони денари, односно околу 10 милиони евра.

Градоначалничката Арсовска за време на нејзината предизборна кампања на локалните избори во 2021 година, во рамки на програмата „За Модерно Скопје“ најави 250 нови еколошки автобуси со коишто се планира да се реши сообраќајниот хаос и да се обезбеди подобра и побрза поврзаност во градот.

Инаку, на денешната седница советниците не го прифатија ниту предлогот за определување на износ за субвенционирање за купено ново еко возило на хибриден или електричен погон. Со овој пилот проект се предвидуваше Градот Скопје да субвенционира 200 илјади денари по возило.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy