Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Советот на странски инвеститори одржа работилница за странските компании за примена на одредбите од законот за царинска тарифа
Економија

Советот на странски инвеститори одржа работилница за странските компании за примена на одредбите од законот за царинска тарифа

20/09/2023

AA

Советот на странски
инвеститори во соработка со Царинската управа на РСМ на 19.09.2023 година
организираше еднодневна работилница на тема: „Крајна употреба и придобивки за
имателите на одобрение“ со цел економските оператори да се запознаат со
крајната употреба, начинот и постапката како да се дојде до одобрение за крајна
употреба, а се со цел да се користат придобивките од страна на имателите на
одобрение.

Настанот го отвори
претседателот на Советот на странски инвеститори и генерален директор на Костал
Македонија г. Виктор Мизо којшто се заблагодари на претставниците на Царинска
управа изразувајќи го своето верување дека овој настан ќе придонесе  да се надминат сите нејаснотии во примената
на постапката за Крајна употреба пропишана во Законот за царинска тарифа.

Од Царинската
управа истакнаа дека стојат на располагање на сите компании коишто се извозно
ориентирани за секаков вид на помош.

Во текот на
работилницата беа објаснети сите аспекти околу дефинирање на крајната употреба,
законските основи, можностите и начинот за поднесување на барање и добивањето
на одобрение. Истовремено учесниците добија практични совети во врска со
начинот на поднесување на барањето, но и начинот на надзор над спроведување на
крајната употреба и соодветно правилниот начин на раздолжување на постапката.
Исто така присутните компании имаа можност да се запознаат со придобивките за
имателите на одобрение, но и видовите на стока, кои можат да бидат предмет на
крајна употреба. На крајот, претставниците на компаниите имаа можност да
поставуваат прашања, како од оваа тема така и за се останато што ги засега, а е
во доменот на царината.

На овој работен
состанок коj се одржа во хибриден формат присуствуваа околу 40 учесници
претежно од странските компании во земјава и членки на Советот на странски
инвеститори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy