Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Советникот за енергетика на Заев и Ковачевски ненадејно стана директор во ЕСМ
Економија

Советникот за енергетика на Заев и Ковачевски ненадејно стана директор во ЕСМ

12/10/2023

AA

Виктор Андонов. советникот за енергетика во кабинетот на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, како и на поранешниот Зоран Заев, ненадејно е назначен за директор за развој и инвестиции на АД ЕСМ. Одлуката е донесена на 9 октомври, а Андонов доаѓа на местото на Благој Гајдарџиски.

Андонов исто така беше советник на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев, а откако е во Владата, како и претходно, работи на спроведување на проектот „Чебрен“.

Андонов ни изјави дека со оваа одлука повеќе нема да биде советник во Владата и дека, освен Чебрен, ќе работи на, како што вели, повеќе други амбициозни проекти, меѓу кои тој најавува и пловечки фотонапонски централи на вештачките езера.

– Енергетската криза ни покажа дека акцент треба да се стави на инвестициите, бидејќи зголеменото производство на електрична енергија ќе ни донесе стабилност на среден и долг рок.
Еден од клучните проекти кој ќе биде во фокусот е ХЕЦ Чебрен, кој после две децении неуспешни тендерски постапки конечно се заврши позитивно, преку заедничко вложување со грчката ППЦ и Архиродрон. Фокус ќе биде ставен на развојните проекти во Битола, фотонапонски електрани од над 200 MW, дистрибутивен систем за греење на соларна енергија, нова комбинирана гасна електрана во РЕК Битола и завршувањр на топловодот до Битола и развој на дистрибутивната мрежа за топлинска енергија во Битола. Изградба на втората соларна електрана во Осломеј, како и инвестициски активности за нова гасна електрана во ТЕЦ Неготино. Ќе се работи и на развој на пловечки фотонапонски електрани на постојните вештачки акумулации, вели Андонов.

Во меѓувреме реагираа од комисијата за енергетика на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во назначувањето на Андонов има судир на интереси и дека тој сака да си обезбеди сигурен просперитет и откако, како што гласи соопштението, ќе дојде до промена на власта.

„Виктор Андонов е новиот директор на Секторот за развој и инвестиции во АД ЕСМ. Советникот на Ковачевски, кој до вчера го бранеше штетниот договор со што проектот Чебрен ќе се даде на грчка фирма и тие ќе профитираат од македонските ресурси, добива нова позначајна функција. Прашуваме, дали тука постои конфлик на интерес?
Колку Виктор Андонов совесно ќе ја извршува директорската функција во државните електрани и со што ќе допринесе за нивниот развој, кога веќе ХЕЦ Чебрен требаше да биде главен развоен проект на АД ЕСМ, а од друга страна од портфолиото на АД ЕСМ се подарува и профитабилната и во добра кондиција ХЕЦ Тиквеш? Од друга страна пак се поставува прашањето дали постои конфликт на интерес и непотизам со оглед на тоа што неговата сопруга веќе е советник на генералниот директор на АД ЕСМ уште од 2017 година? Или пак ова е добро познатата политика на Владата во заминување да си ги „спастри“ заслужните кадри пред заминување?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку Андонов во изминатите пет години, како советник за енергетика Анѓушев, Заев и Ковачевски, учестуваше и во спроведувањето на енергетските реформи со донесувањето на новиот Закон за енергетика, во процедурата за воведување на доделување на премиум тарифи за фотонапонски централи, изработката на Стратегијата за развој на енергетиката, а за време на енергетската криза беше и портпарол на кризниот штаб.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy