
Советник, член на надзорот во Државна видео лотарија, а сега спортски директор на ФК Тирана
Омер Буњаку, поранешен советник на првиот вицепремиер Артан Груби и член на надзорниот одбор на Државната видео лотарија, од денеска и официјално ја започнува својата кариера во фудбалот како нов спортски директор на албанскиот прволигаш ФК Тирана.
Овој изненадувачки трансфер од политиката во спортот го позиционира Буњаку на клучно раководно место во еден од најуспешните фудбалски клубови во Албанија.
Буњаку е познат на македонската јавност по неговиот ангажман во кабинетот на поранешниот вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби.
Покрај советничката функција во Владата, тој извршуваше и функција член на надзорниот одбор на Државната видео лотарија на Македонија. Со новата позиција, тој целосно ја напушта политиката и влегува во спортските води, преземајќи ја одговорноста за спортската политика и иднината на ФК Тирана.
