Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Советниците и соработниците во Владата добија многу поголеми плати
Економија

Советниците и соработниците во Владата добија многу поголеми плати

17/11/2023

AA

Според последното ноемвриско ажурирање на листата на вработени советници и соработници во Владата, излегува дека тие во текот на оваа година добиле големо зголемување на нето платите.

Ако премиерот, вицепрмиерите, министрите и нивните заменици и натаму не сакаат да ги објават новите зголемени плати за 78 отсто, барем ако ништо друго можеме да видиме колкави се сега платите на советниците и соработниците во Владата а тие се сега многу повисоки.

Советникот за национална безбедност Зоран Верушевски останува со плата од околу 75.000 денари, но сега на таа висина се доближуваат и советниците за надворешни работи и за административно право. Ако на почетокот на годината овие две места беа платени со 55.000 нето плата, сега Ели Бојаџиеска Ристовски и Елена Оранска Петковска добиваат безмалку 72.000 денари плата.

Во канцеларијата на премиерот, Љубе Бошковски и Аксел Ахмедовски на почетокот од годинава имаа нето плати од 57.000 денари како советници за странски инвестиции и за решавање на правни прашања и постапки, а сега нивните плати се 72.000 денари. Од 57.000 на 72.000 денари зголемување добија и Тодор Богоевски и Елвис Мемети – советници за лица со попреченост, односно за инклузија на Роми.

Пет соработници на почетокот на 2023 добиваа нето плати од 55.268 денари. Сега се шест и се платени со 68.814 денари и тоа Фидан Колев (транспорт и врски), Ѓорги Тасев (млади и младински политики), Виктор Петрушевски (подршка на инвестициски проекти), Марија Филева (Берлински процес и соработка со Југоисточна Европа), Милан Живковиќ (труд и социјална политика) и Панче Милевски (спорт).

Во секторот за комуникации сега има 14 соработници, претежно поранешни новинари. Ако до пред некој месец нивните плати беа 55.268 денари, сега се движат од 68.814 до 71.902 денари.

Платите на секретарите кои ги водат секторите не се објавени. Мало зголемување има само кај надворешните соработници од 36.000 на 39.000 денари.                                 А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy